Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Прилози

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

По осумчасовна битка со огнените јазици во месноста „Заград“ крај Прилеп, кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По осумчасовна битка со огнените јазици во месноста „Заград“ крај Прилеп, кои избувнаа вчера околу 16 часот, од полноќ пожарот е локализиран. Бидејќи сè уште се активни најмалку три жаришта, а и поради периодични посилни налети на ветер, овие критични точки продолжуваат да се чуваат за да не дојде до повторно разгорување на огнот и загрозување на имотите кои се наоѓаат во подножјето на планината, или, пак, на репетиторот кој е високо на врвот.

„Едното жариште што оди кон репетиторот е најкритично, оти ако појде на тој дел од репетиторот, после преминува кон манастирот „Трескавец“. Ако требаат дополнителни сили, од страна на ТППЕ ќе се ангажираат, меѓутоа моментално имаме осум лица, три од ТППЕ, двајца имаме од „Водовод“ и три од „Комуналец“, со две возила кои работат на лице место. Досега нема пријавено материјални штети од изгорени објекти, во ниту еден случај, ниту во текот на вчерашниот ден. Засега и манастирот не е во никаква опасност“, изјави Јован Аврамоски, инспектор за заштита и спасување во ДЗС.

Според Аврамоски, денеска жариштата се наоѓаат во непристапен и главно карпест предел, каде има само грмушки и сува трева, а зафатената површина првично се проценува на околу 20 хектари.

Реклама

Дека човечкото невнимание, најчесто при палењето стрништа, треви и меѓи, или, пак, нечија свесна намера да се предизвика пожар, можат да бидат главната причина за опожарувањата, се сомневаат и надлежните.

„И после од полето тргнува да оди во повисоките делови, односно да зафати и површини кои се со шума, како што беше во текот на вчерашниот ден во село Кошино, кој е појавен околу 14.30 часот и се рашири на тромеѓето помеѓу селата Кошино, Лажани и Дебреште… И беа ангажирани и два воздухоплова, ер-трактори од ДЗС, и направија по пет прелети и фрлија вкупно 10 водени бомби“, посочи Аврамоски.

Во текот на ноќта пожар бил пријавен и во атарот на долненското село Бело Поле, каде веднаш по неговото неутрализирање, во раните утрински часови, стигнала втора дојава за нов пожар во атарот на истото село. Од ДЗС апелираат граѓаните максимално да се придржуваат до мерките предвидени со кризната состојба за ограничено движење низ шумите.