Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Куманово ќе издава под закуп деловни простории на локалитетите Спомен Костурница и Студена Вода

– Советот на Општина Куманово донесе одлуки за давање согласност за издавање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Советот на Општина Куманово донесе одлуки за давање согласност за издавање под закуп на две деловни простории во сопственост на Општината, лоцирани во комплексите Спомен-костурница и Студена Вода. Просториите ќе се издаваат по пат на електронско јавно наддавање.

Предлог-одлуките пред советниците ги образложи претставник од Секторот за правни работи, Иван Ангеловски, кој кажа дека станува збор за деловна просторија во рамки на Спомен-костурницата, која се состои од сутерен со површина од 26 квадратни метри и приземје од 62 квадратни метри. Втората деловна просторија е со површина од 56 квадратни метри и се наоѓа на локалитетот Студена Вода. Двете простории ќе бидат дадени под закуп по пат на електронско јавно наддавање.

Советниците од опозицијата прашаа дали објектите, кои беа реконструирани со европски средства, можат да се издаваат под закуп и дали предмет на закуп ќе бидат само деловните простории или и останатите содржини во комплексите.

Реклама

Ангеловски одговори дека предмет на јавното наддавање ќе биде само објектите, без терените. Согласно проценката, препорачаната намена е туристичко-информативен центар, административен простор, сувенирница, продажен простор, простор за организирање туристички и рекреативни активности, како и угостителски објект или кафе-бар. Тој кажа дека нема правни пречки за издавање. Студена вода се уредуваше со средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој одвои 8.168. 000, а општина Куманово 3.160.000 денари. Просторот околу Спомен Костурницата се реализираше преку прекуграничен проект со Гњилане, насловен „Зајакнување на вредности на културно и природно наследство во општините“, во износ од 477.000 евра. Тој се однесуваш на изградба на игралишта, амфитеатар, трим патеки и други содржини наменети за граѓаните на Спомен Костурницата. Во рамки на проектот беше поставена вештачка трева, заштитна ограда за фудбалски терен, нови клупи, и асфалтиран е нов паркинг простор.