Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Крстевска: Финансиската писменост се подобрува, потребно е постојано надградување на знаењата

При мерење на финансиската писменост се оценува способноста за ефикасно управување со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

При мерење на финансиската писменост се оценува способноста за ефикасно управување со личните финансии, коешто, меѓу другото, подразбира знаење и способност за планирање на буџетот, рационално трошење, како и разбирање на основните финансиски концепти за штедење и инвестирање средства“. Ова го истакна главната економистка на Народната банка Анета Крстевска, при што нагласи дека финансиската писменост во земјава постепено се подобрува, но поради брзиот развој на дигиталните финансиски услуги, потребно е постојано надградување на знаењата, информира Народна банка во соопштение.

Крстевска посочи дека Народната банка презема активности за подобрување на финансиската писменост на населението од сите возрасни групи, со посебен акцент на младите кои се во фаза на образование. Општо земено, младите покажуваат поголем интерес за дигиталните финансиски услуги и се посклони кон вклучување во современите дигитални текови. „Следствено, во современи услови, кога има широк пристап до информации преку интернет, треба да се посвети должно внимание на соодветното едуцирање на младите и на нивното правилно насочување во доменот на користењето на финансиските услуги“, истакна главната економистка.

Осврнувајќи се на заштитата на потрошувачите, таа нагласи дека Народната банка, покрај регулаторните активности, обезбедува и практични алатки за споредба на кредитите, депозитите, како и на надоместоците за платежни услуги, а со новата регулатива дополнително се зајакнува транспарентноста на банките.

Реклама

Во интервјуто беше нагласено дека финансиската едукација треба да добие соодветно место во формалниот образовен систем, со задолжителен системски опфат на младите. „Со ваквиот чекор ќе се оформат идни генерации кои ќе знаат да управуваат со своите финансии, да избегнуваат прекумерно задолжување, да се заштитат од финансиските ризици и да носат одржливи финансиски одлуки. За ова е потребен заеднички напор и на финансиските регулатори, и на образовните институции“, истакна главната економистка Крстевска.