Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Кос, Јаневска и Сали во увид на реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“

Еврокомесарката за проширување Марта Кос, министерката за образование и наука Весна Јаневска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еврокомесарката за проширување Марта Кос, министерката за образование и наука Весна Јаневска и вицепремиерот Беким Сали денеска извршија увид во реконструкцијата на Државниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје, проект што се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, и меѓународни партнери.

Кос истакна дека реконструкцијата на студентскиот дом е јасен показател за поддршката што Европската Унија ѝ ја дава на Македонија на патот кон членство во ЕУ, нагласувајќи дека образованието, студентскиот стандард и енергетската ефикасност се меѓу приоритетите на Унијата.

– Овој проект е јасен знак за нашата посветеност да ја поддржиме Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Образованието и стандардот на студентите се клучни за иднината на секоја земја и среќни сме што придонесуваме во оваа област. Нашата соработка со Владата и локалните институции ќе продолжи, така што со нетрпение очекувам да видам повеќе вакви проекти завршени во иднина и се надевам дека откако ќе заврши овој проект ќе можам повторно да дојдам на посета, да разговарам со студентите – рече Кос.

Реклама

Осврнувајќи се на евроинтегративниот процес, Кос рече дека, според последните анкети, повеќе од 80 проценти од граѓаните на Северна Македонија ја поддржуваат Европската Унија.

– Жал ми е за долгиот пат што вашата земја мораше да го помине, но мислам дека треба да гледаме кон иднината. Ако сите работиме на остварување на визијата Македонија да стане членка на Европската Унија, јас и мојот тим ќе го дадеме нашиот максимум за да ве придружуваме до таа цел – порача еврокомесарката Кос.

Министерката за образование и наука, Јаневска, информираше дека реконструкцијата на „Стив Наумов“ и уште еден студентски дом во центарот на Скопје треба да заврши годинава, по што двата објекта ќе бидат ставени во функција за студентите.

Јаневска посочи дека со поддршка од Европската Унија, Германската развојна банка и Регионалниот центар за енергетска ефикасност се обезбедени 86 милиони евра за реконструкција на девет студентски домови и седум ресурсни центри за ученици со посебни образовни потреби.

– Сите тие се дел од 16 инфраструктурни проекти за подобрување на образованието и на студентскиот и ученичкиот стандард, на што оваа Влада е посветена, рече Јаневска, изразувајќи надеж дека соработката со меѓународните партнери ќе продолжи.

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, оцени дека реконструкцијата е доказ за успешната соработка со Европската Унија и за ангажманот на државата во процесот на европска интеграција.

– Ова е инвестиција и доказ за соработката што ја имаме и за ангажманот на државата за исполнување на сите критериуми и потребни чекори за интегрирање на нашата земја во Европската Унија. Благодарение на тоа обезбедивме грант, односно финансиска поддршка за капитални инвестиции, како што е студентскиот дом „Стив Наумов“ – посочи Сали.

Додаде дека Владата ќе продолжи со инвестиции во студентската инфраструктура и во други капитални проекти со поддршка од европските партнери.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: