Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Косовски државјанин избегал од царинска контрола на Блаце, по потера уапсен во Скопје – пронајдени марихуана и нож

Косовски државјанин е лишен од слобода откако избегал при царинска контрола на …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Косовски државјанин е лишен од слобода откако избегал при царинска контрола на  граничниот премин Блаце, при што со возилото оттурнал и неколку метри влечел царински службеник, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, синоќа околу 22 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје го привеле 24-годишниот косовски државјанин Р.Е.

Претходно, на граничниот премин Блаце, додека царински службеник вршел преглед на неговото патничко возило „БМВ“ со косовски регистарски таблички, Р.Е. го стартувал возилото, го оттурнал цариникот и го влечел неколку метри, по што со голема брзина избегал кон Скопје.

Реклама

По пријавата, полицијата веднаш презела мерки, а возилото било лоцирано и запрено на „Јадранска магистрала“, каде што осомничениот бил лишен од слобода.

При преглед на теренот била пронајдена кеса со марихуана, додека во возилото полицијата открила и џебен нож. Според МВР, приведениот изјавил дека за време на бегството фрлил уште една кеса во која имало два пиштола.

Р.Е. е задржан во полициска станица, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.