Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Ковачки: Спасовски да поднесе оставка за скандалите со полицајци пукачи

Оливер Спасовски мора под итно да понесе одговорност. Кој стигне пука од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оливер Спасовски мора под итно да понесе одговорност. Кој стигне пука од огнено оружје и го загрозува јавниот ред и мир, а МВР молчи, рече на денешната прес-конференција пратеникот Драган Ковачки.

-Денеска ќе објавиме втор дел од видеото на кое се гледа дека не само командирот, туку и други лица пукале со автоматското оружје во Ропотово. Автоматското оружје од кое е пукано се’ уште не е пронајдено. Значи, оружјето не е пронајдено, а ова лице воопшто не е ниту повикано на разговор во станица. Со цел да се забошоти случајот со предизвикување на општа опасност од страна на командир на полиција, на други полициски службеници и воени лица, како и цивили кои пукале со автоматско оружје кое се’ уште не е пронајдено, го објавуваме видеото од лице кое мора да биде сослушано и да каже од каде му е и каде е автоматската пушка? службена ли е – полициска ли е, како може автоматско оружје да се најде во раце на лице кои можеби и не е полицаец? Според информациите доставени до нас, од страна советник на министерот Спасовски, кој е вработен после неуспешниот обид да стане градоначалник, дадена е насока да се направат пропусти во случајот и истиот да се забошоти. Да потсетиме, на настанот имало присутно лице од најтесното раководство на СВР Битола и истото лице наместо да го спречи или пријави настанот, истиот го прикрил! Сакајќи да ја покријат неспособноста и аздисаноста во МВР, Оливер Спасовски и неговите советници откако реагираа пост-фестум со демек расчистување на настанот, а по принципот – секое чудо за 3 дена, мислат дека ова ќе се заборави. Министре Спасовски, од институцијата МВР направите пародија, истакна Ковачки.

Не може Вашите партиски и коалициски приоритети да Ви се пред безбедноста на граѓаните. Оставка веднаш! Додава Ковачки.