Реклама

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

Македонија

Ковачевски контра цела јавност – Битиќи добро постапил вчера, а тој не се извинува за „некоректното прашање“

Премиерот Ковачевски не гледа ништо скандалозно во вчерашното арогантно однесување на неговиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Ковачевски не гледа ништо скандалозно во вчерашното арогантно однесување на неговиот министер, Фатмир Битиќи, ниту пак во својот одговор на новинарското прашање, а кое се однесуваше на нивниот коалициски партнер – ДУИ како партија, но никако не и на Албанците како етникум, а кое премиерот го оцени како некоректно, популистичко, ксенофобично, па дури и фашисоидно.  

Не можете да не’ оставите нас Албанците“, реагираше Битиќи, на што новинарот му објасни – „Не е така, господине Битиќи, јас партија спомнав, не националност“.

Сметам дека Битиќи добро постапи и го поддржувам во тоа што го направи, бидејќи Фатмир Битиќи е Албанец, меѓутоа тој во исто време е и вице-премиер на Владата кој што е предложен од СДСМ. Тој е мој вице-премиер, но Битиќи не е вице-премиер затоа што е Албанец и сметам дека поставување прашање дека кој било припадник на која било етничка заедница може да обавува одредена функција е некоректно“, – рече премиерот Димитар Ковачевски.

Реклама

Премиерот Ковачески, одговарајќи на прашањата на Алфа, денеска се обидуваше да се испере дека неговиот вчерашен одговор не бил насочен кон новинарот или кон било кој медиум, туку бил насочен кон темата што била поставена, притоа префрлајќи ја вината кај делувањето на опозициските политички партии.

Единствена агенда во моментов им е ширење на тензии на национална основа коешто го прават насекодневна основа икоешто исто така, мислам дека ги става во прилично непријатна ситуација и медиумите, со оглед на тоа што тие мораат нормално да известуваат за се’ она што е кажано од политичките партии“, објасни Ковачевски.

И додека целата јавност се крена на нозе, вклучително и еснафските новинарски здруженија кои дури побараа со вчерашниот скандал да се позанимава и обвинителството, бидејќи ова не е првпат високи членови на оваа Влада да се однесуваат арогантно и непрофесионално кон новинарите, премиерот Ковачевски, иако директно беше запрашан дали ќе и’ се извини на ТВ Алфа, тој со ништо не наговести дека има таква намера.

Каролина Дурло