Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Ковачевски ветува учебници следната, нема одговорност за дебаклот во оваа учебна година

Учебната година ќе заврши така како што и почна – без учебници.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Учебната година ќе заврши така како што и почна – без учебници. Тендери, фирми, комплицирани постапки, грешки во лекциите и што уште не.. Откако на први септември наместо буквари се делеа свидетелства од минатата година, Министерството за образование, три тромесечиа не може да ги набави потребните учебници за сите ученици.

Кога на површина се појавија сите недостатоци во образовниот систем, премиерот со ново ветување – дури лично ќе се залагал следната година учебници да има навреме. Ги обвини и учениците дека на требало да ги кинат, туку да ги чуваат уќебниците за идните генерации.

  • „Треба да се обезбедат бесплатни учебници, според закон тоа треба да биде но никогаш откако е донесен законот, не било направено. Веќе во буџетот има средства кои ќе бидат наменети практично за издавање и штампање на учебниците во средно училиште, а во буџетот за идната година јас лично ќе се потрудам да бидат обезбедени сите учебници бесплатно и повикувам дека сите ученици треба да се грижат за тие учебници бидејќи тие не се за употреба само една школска година“, вели Ковачевски.

Изјавата на премиерот доаѓа како обид за смирување на јавниоста по изјавата на Министерот за образование дека реално немало доволно пари за печатење на учбеници по сите предмети во средното образовние, по што се дообјаснуваше дека грешно бил протоклуван. Не мислел да каже дека нема пари, туку ќе се одобрувале нови учебници за средно стручно образование,  кои потоа етапно ќе се печателе.

Реклама

Опозицијата нема разбирање за правдањата на власта.обвини дека парите наместо за нови учебници, се трошат за набавка на нови автомобили, за скап мебел, за морски плодови и за златни чинии. Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат како е можно со буџет од 450 милиони евра за образованието, кој е за 8,4% поголем од ланскиот, ресорното Министерството да нема пари за печатење на нови учебници.

И додека родителите се снаоѓаат и фотокопираат материјали за учење, фокусот на МОН повторно е на јавните набавки. Последниот повик за печатење на учебникот по англиски јазик за деветгодишно основно образование содржи услов  фирмите да имаат остварено годишен приход од речиси милион евра за три години..

  • „Доказ дека домашниот издавач/законскиот застапник во Република Северна Македонија има остварено годишен приход од најмалку 20.000.000,00 денари за секоја година поединечно во последните три години кој се однесува за барањето за одобрување учебник по англиски јазик, односно годишен приход од најмалку 6.000.000,00 денари за секоја година поединечно во последните три години, за барањето за одобрување учебник по француски, германски, руски и италијански јазик во основното и средното образование“, стои во јавниот повик на МОН.

Помалите издавачи реагираат дека ваквиот повик од страна на МОН е  дискриминарички бидејќи не им се дава можност тие да конкурираат за печатење на учебници.