Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Tоп

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Нов Клинички центар, задолжителен отисок од прст за сите вработени во јавното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов Клинички центар, задолжителен отисок од прст за сите вработени во јавното здравство,темелна реконструкција на болниците во Штип Тетово и Куманово, нова опрема и дигитализација на системот. Новиот министерот за здравство, Сашо Клековски најавува темелни промени во секотрот кој ќе го раководи.Во фокусот на неговата работа како прв човек во здравството е и битката со одливот на лекари и медицински сестри, да им се подобрат условите за работа, за медицинскиот кадар да остане дома.Клековски ветува и построга контрола на трошењето на парите, модерно управување со здравството и крај на проблемите со недостигот од лекови и медицински материјали. Амбициозниот план на Клековски се очекува да го промени лицето на македонското здравство.

Позитивната листа, по децениската заспаност, ја зголемивме трипати, успеавме да добиеме пониски цени преку генеричката конкуренција и покажавме дека со мали измени со префрлување на лековите од болничка употреба во аптека можеме да им го олесниме животот на пациентите, зборувам за онколошките пациенти, меѓутоа и на Клиниката за онкологијарече Клековски.

Пред да седне во министерската фотелја, Клековски раководеше со ФЗОМ. Во отчетот за сработеното се пофали дека за две години буџетот на Фондот е зголемен за околу 156 милиони евра, со повеќе средства за болниците, лековите и современите терапии.По години без промени, освежена е и Позитивната листа со 13 нови лекови. Намалени се цените на дел од терапиите, воведени се нови превентивни прегледи, трипати се зголемени платите на здравствените работници, а според Клековски, олеснет е и пристапот до лекување во странство.

Реклама

За методологијата на водење на евиденцијата ќе разговараме со директорите, кои мора да имаат законски утврдена евиденција и тука нема да има отстапки – додаде Клековски

Во македонскиот здравствен ресор за 10 години се сменија и десет министри, а само во последниве неколку години од 2020 година се променија околу пет. Најнов министер е Сашо Клековски, кој на функцијата доаѓа по владината реконструкција, на местото на Азир Алиу.Најдолго на чело на Министерството беше Никола Тодоров – речиси шест години.

Арбен Таравари е единствениот што двапати беше министер, но ниту во еден мандат не остана цела година. Освен Тодоров, кој е правник, и Алиу, кој доаѓа од ИТ-секторот, сите останати министри биле лекари.