Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Клековски во Гостивар: Се бара причината за зголемениот број пациенти во Гостивар

Прогласување епидемија во Гостивар нема да има, сè додека не се утврди…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прогласување епидемија во Гостивар нема да има, сè додека не се утврди причината за големиот број заболени и со стомачни тегоби. Потребни се повеќе епидемиолошки анкети за да најдеме кој е причинителот, рече министерот Сашо Клековски по посетата на гостиварската Општа болница.

Тој информираше дека бројот на пациенти кои се јавуваат со слични симптоми е ист како и изминатите денови.

– Првите пациенти се јавиле на ноќта на 13-ти јули и оттогаш таа бројка е прилично константна. Над 200 граѓани се јавуваат дневно во болницата за интервенција. Во последните 24 часа има 100 побарани интервенции на педијатрија и 160 побарани интервенции на инфективното одделение рече Клековски.

Реклама

Според него, клиничката слика кај сите пациенти е слична, од благи стомачни проблеми со дијареја и повраќање, до некои пациенти имаат и температура. Најголем дел од пациентите се третираат за дехидратација со инфузија, витамини и друга симптоматска терапија, по што се пуштаат на домашно лекување.

Министерот Клековски по разговорите со раководните структури на општата болница констатира дека медицински кадар се справува со состојбата и дека ги имаат сите лекови неопходни за третман. Тој упати апел до гостиварци и сите пациенти да соработуваат со епидемиолошката служба при правењето на анкети и дополнителни анализи за да се утврди причинителот.

– Од вчера се зема колпокултура и се прават сите неопходни лабораториски анализи и е проширена можноста да се бараат траги од адено и рота вирус. Значи, повеќе институции вклучени во епидемиолошкиот дел и повеќе типови на истраги, за да се исклучат сите опции: од тешки метали, од паразити, вируси, бактерии, Ни требаат многу повеќе епидемиолошки анкети за да најдеме кој е причинителот и да ги поврземе можните извори рече министерот Клековски.

На новинарско прашање и коментар на директорката на ЈП Комуналец дека водата не била причина за заболувањата, туку храната, министерот Клековски посочи тоа е работа на епидемиолозите.

– Ниту јас, ниту директорката на јавното претпријатие сме некои што можеме да посочиме причинител. Има епидемиолози, тоа е работа на епидемиолозите. Има Центар за јавно здравје, има Институт за јавно здравје, мислам дека треба да се очекува нивна оценка. Можам неформално да коментирам дека шансата 1000 луѓе да се затрујат од храна се многу мали. Дополнително, ова трае веќе 4 дена, така да, за мене храната логички е исклучена како можен извор, рече министерот Клековски.

Тој изрази надеж дека повеќе резултати од анализите на водата од гостиварскиот водовод ќе има од понеделник.