Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Казните за убијците на Денис Тот ја поделија јавноста, за едни заслужени, за други драконски

52 години затвор за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот ја разбранија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

52 години затвор за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот ја разбранија јавноста. Заслужено или драконски казни изрече Кривичниот суд за тројцата тепачи на Тот на кој од ударите му престана работата на срцето и престана да дише? 4 години за убиство со нож, а 18 години за убиство со клоци. Колку се праведни и фер одлуките на Кривичниот суд?  

За истото дело, убиство претходно слична казна доби и Анѓела Ѓорѓиевска која е соизвршител во убиството на 26 годишниот Пино Секондо. 19 години затворска казна за Ѓорѓиевска беше изречена и при повтореното судење откако Скопска апелација го врати на повторно одлучување. За разлика од негодувањето и лутината на убијците на Денис Тот,  23-годишната Анѓела Ѓорѓиевска тогаш пресудата ја слушна без емоции. Убиецот Али Фуркан со кого соработувала Анѓела се уште во бегство.

Бесим Беља и Скендер Демири за убиството на 19-годишниот Никола Саздовски на свиреп начин беа осудени на 19 годишна затворска казна. А третообвинетиот Јетон Љужа кој беше недостапен за органите на прогонот а пред две години беше екстрадиран во Македонија. Судот тогаш ги задолжи осудените да им платат поединечно на сите членови на семејството на убиениот Саздовски по околу 15 илјади евра за секого, за нематеријална штета и душевна болка.

Реклама

7-години по крадењето велосипед, се реконструираше и крвничкото убиство на Ангел Петковски на кејот на реката Вардар во Ѓорче Петров.  Со првостепената пресуда, тогаш Насер Ештрефи  беше прогласен за виновен со пресудата од 6 јули 2015 година и доби 14 години затворска казна.  Врховниот суд ја укина пресудата против  Ештрефи, со образложение дека во повтореното судење ќе треба да се проверат динамиката и редоследот на случувањата кои му претходеле на убиството на 18-годинишникот. Во повтореното судење, казната убиецот на Петковски беше 13 години затвор. Случајот со убиството на матурантот Петковски ја разгоре јавноста и жителите на населбата Ѓорче Петров кои излегоа на протести во 2014-та година.

Протести се организираа и поради ниската казна од само три години за убиецот на 17-годишниот Никола Христовски. На деветнаесетгодишниот кој го прободе со нож Христовски, му се судеше за делото убиство во миг за што законски предвидената казна е од 1 до пет години затвор. Апелација не се согласи со првостепената на Кривичен, па ја продолжи затворската казна за само една година.

Викторија Миткова