Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Прилози

Истрагата за петте тони марихуана запленети во Србија продолжува – Се проверува цел синџир

Истрагата за шверцот на марихуана од Македонија кон Србија интензивно продолжува. Тимови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Истрагата за шверцот на марихуана од Македонија кон Србија интензивно продолжува. Тимови од Македонија и соседниот сосед истражуваат како од кај нас до Србија стигнале петте тони канабис запленети во магацин кај Крушевац.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се посташува по кривична пријава, но истрагата не завршува тука. Институциите продолжуваат да го истражуваат целиот синџир. Од производството, преку транспортот, до дистрибуцијата на дрогата.

Во истрагата, како што посочи Тошковски, се вклучени заеднички тимови на МВР, Финансиската полиција, Управата за финансиско разузнавање и Царинската управа, а има и добра соработката со српските истражни органи.

Реклама

Тука не завршува расветлувањето на кривичниот правен настан. Не завршува разоткривуањето на условите законски или незаконски коишто поврзани со незаконското и законскотото поизводство, транспорт и дистрибуција на нелегални наркотици во Македонија и надвор.  Заеднички тимиови на МВР, финансиска полиција, управа на финансискоа разознавање и царината работата на истрагата вели Панче Тошковски, министер на МВР.

Шест месеци по заплената на пет тони марихуана во Србија, која според истрагата потекнувала од легални плантажи за медицински канабис во Македонија, обвинение сè уште нема. Еден од истражителите кој работи на случајот го информирал Тошковски дека во друг случен случај во една од еу земјите, се работоле цели две ипол години за да се постигнат резултати.

Обвинителствата за организиран криминал во Скопје и Белград досега посочија 11 осомничени. Шестмина се од Македонија, а пет од Србија. Во притвор се двајца кај нас и четворица во Србија, додека по наводниот организатор на шемата, Александар Мијајловиќ, сè уште се трага со меѓународна потерница.

Според досегашната истрага, канабисот бил препакуван во скопската компанија „Алфафарм“, близу фабриката Охис, а потоа преку Свети Николе и Табановце бил транспортиран во Србија, каде што бил складиран во магацин во близина на Крушевац.

Во рамки на истрагата, во „Алфафарм“ во Скопје беа пронајдени и запленети околу 9 тони марихуана, додека во повеќе фабрики во за марихуана во источниот дел на државата, беа запленети над 30 тони анабис. Меѓу нив се Грин лајф, Лајтинг лукс и РСБ Солутион.

Уште во февруари, премиерот Христијан Мицкоски информираше дека во случајот се инволвирани функционери од претходната власт и фирма чиј формален сопственик е Христијан Котев, син на Тони Котев, поранешен претседател на СДСМ во Ново Село, кого медиумите и власта го поврзуваа и со бизнис-релации со Вице Заев.

На владина седница се одлучи да се направат проверки на фабриките за производство на марихуана и да се засилат контролите. Големата заплена на марихуана отвори дилема дали претходната власт имала картелски пристап и наместо за легални цели, канабисот се произведувал за црниот пазар.