Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Секоја инфраструктурна инвестиција носи подобар живот за граѓаните. За 2 години се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секоја инфраструктурна инвестиција носи подобар живот за граѓаните. За 2 години се работи на повеќе од 300 инфраструктурни проекти, водоводи, канализации, пречистителни станици и системи за заштита од поплави. Експертите велат дека ваквите инвестиции не само што ќе донесат придобивки за граѓаните, туку ќе придонесат и за подобра заштита на животната средина.

Прво нема да има излевање на водата при обилни дождови, нема да може да се нанесе директна штета на станбените објекти каде што живеат граѓаните во тие општини каде што се градат, а втората работа е што површините каде што се одгледуваат одредени земјоделски култури или каде што има производствени капацитети или некакви други капацитети нема да се оштетат. “– вели аналитичарот Синиша Пеќевски.

Експертите, сепак, посочуваат дека на долг рок подеднакво важно е проектите соодветно да се одржуваат.

Реклама

Нема да се дозволи загадување на водата и сите оние отпади со пречистителните станици нема да се дозволи да се загадува водата и почвата бидејќи со овие инвестиции во пречистителните станици сите тие отпадни води ќе завршуваат на едно место каде што ќе може да се преработат со цел да не се загадува покрај реките, а второ да не се загадува и почвата која е извор на храната кој се произведува во тие региони.“– вели Пеќевски.

Власта потсетува дека надлежните продолжуваат со реализација на проекти за подобрување на водоснабдувањето, канализациската инфраструктура и заштитата на животната средина. Најавуваат дека ќе продолжат со инвестиции кои, според нив, треба да придонесат за подобар квалитет на живот на граѓаните. Меѓу проектите се регулацијата на коритото на Сува Река, изградбата на канализацискиот систем во Враништа, пречистителната станица во Чучер Сандево, како и реконструкцијата на дел од водоводната мрежа во Скопје и новиот водоснабдителен систем во Лениште.