Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Инфлацијата останува – во септември трошоците на живот зголемени за 6.6%

Инфлацијата никако да се заузда. Штотуку објавените податоци на Државната статистика покажуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инфлацијата никако да се заузда. Штотуку објавените податоци на Државната статистика покажуваат дека во септември трошоците на живот биле поголеми за 6.6% во однос на истиот месец лани. Храната поскапела за 7.8%, а комунулаиите за 6.1%.

Власта се фали, граѓаните се жалат. Инфлацијата и натаму останува висока, иако на хартија има благо намалување. Трошоците на живот во септември поголеми за 6.6%, споредено со истиот период лани. Храната поскапела за 7.8%, пијалаците за 7.9%, облеката за 5.1%, комунулаиите за 6.1%, мебелот за дури 10%.

Во септември најмногу поскапеле јајцата, сирењето, месото, шеќерот, чоколадите и рибата, со еден збор се – што граѓаните најмногу купуваат, или сега по ново, сакаат да купат. Едниствено има поевтинување кај маслото од речиси 28 проценти.

Реклама
  • Па кај ќе купиш ова, нема шанси. Гледај се поскапува и тоа за 20, 30%. Ова млечниве производи за 100 – 200 денари се поскапени, посебно сирење, кашкавал, кој знае од кога немам купено, се жалат граѓаните по новиот бран поскапувања.

Поскапување во септември 2023:

Лебот:  3.8%

Месо:  12.5%

Риба:  8.5%

Сирење и јајца:  5.3%

Овошје:  12.9%

Зеленчук:  19.9%

Алфа забележа поскапување и кај дел од пецивата во пекарите. Оваа кифла со сирење пред до пред два дена беше 40, а сега е 45 денари. И јогуртот во пекара од 35 скокна на 40 денари.

Во септември, исто така, ДЗС утврдил дека пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 10.6 отсто, мотоциклите за 8.6 отсто, течните горива за домаќинствата за 6.2 отсто, парамедицинските услуги за 5.4 отсто , гасот за домаќинствата за 4.6 отсто, горивата и мазивата за сопсветните превозни средства за 4.1 отсто, чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 3.9 отсто, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 3.5 отсто, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 3.4 отсто, медиумите за снимање за 2.8 отсто.

Според кредитната агенција „Фич“, изминатиов период затегнувањето на монетарната политика и падот на дефициотот на тековната сметка придонесоа за враќање на едноцифрената инфлација, ама сепак таа и натаму останува многу висока кај храната. Сепак, закана за подгревање на инфлацијата, според Агенцијата, е растот на платите во јавниот сектор, иако не се земени в предвид поскапото ДДВ кај голем дел производите дополнително ги зголемуваат трошоците за живот.

Инаку храната во регионот, но и во Европа поевтинува, но кај нас тоа е само во најава, но не и во пракса. Инфлацијата, според ЕЦБ, се дека таа во Еврозоната ќе се спушти на 2%, за разлика од кај нас – неизвесноста кај ѓраѓаните само расте, но расте и песимизмот, но и стравувањата дека сиромшатијата уште повеќе може да го дотолчи и оната сиромашниот граѓанин.

Борис Грујоски