Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Економија

Институциите не можат да се договорат која од нив треба да истражи дали растот на цените е намерно предизвикан

Цените стигнаа до плафон, а институциите не можат да се договорат која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цените стигнаа до плафон, а институциите не можат да се договорат која од нив треба да го најде „ виновникот “ за тоа .

Комисијата за заштита на конкуренција ја „ врати “ топката кај министерството за економија , оти тие не можеле да постапат ако некој до нив не доставел на писмено дека се сомнева дека има неетичко здружување меѓу тргвоците за договорање на цените .  Од комисијата велат дека во изминатите две кризни години ниту еден министер , ниту инспекторатот, ниту организацијата за потрошувачи , се обратиле до нив за да можат тие да дејствуваат .

По бурните реакции за ставот на минстерот за економија Крешник Бектеши, дека мерки може ќе има, а може и не , во време кога граѓаните штедат на храна за да ги платат сметките, Премиерот денеска конечно проговори за проблемот – мерки ќе имало , но не  кажа какви и од кога, а дополнително најави нов проблем – можна млечна криза.  

Реклама

Инаку, нов бран поскапувања  ќе следи со даночната реформа . ДДВ-то по носење на законите ќе скокне од 5 на 10 проценти, за одредени производи, но никој не знае кои се тие . „ Луксузната листа“ , власта ја крие уште кога ја најави оваа даночна реформа  , а според експертската јавност ова ќе предизвика огромен бран на поскапувања, зашто во законот не се јасно дефинирани продуктите, туку само стои производи кои не се дел од основната храна.

Во делот на даночните стапки, се врши ревидирање на истите во делот на примена на повластена стапка, а во насока на усогласување со Eвропското право следејќи ги ограничувањата кои се поставени и тоа преку зголемување на стапката на ДДВ од 5% на 10% на производи за човечка исхрана кои не се дел од основните производи потребни за човечка исхрана, се врши намалување на стапката од 18% на 5% за прометот со ментруални производи со цел поттик за поголема заштита и хигиена кај одредена група на граѓани, стои во Законот.

Законот за ДДВ заедно најверојатно ќе се најде  на следната пленарна седница, закажана за 5-ти септември .  

Кристина Алексиеска