Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Свет

Индискиот премиер во прва посета на САД во последните 9 години

Индискиот премиер Нарендра Моди ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Индискиот премиер Нарендра Моди ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон и се очекува да ги продолжат нивните напори за зајакнување на технологијата и производството меѓу двете земји.

Во тек е договор со Џенерал Електрик за производство на мотори за индиската армија.

Белата куќа вели дека посетата ќе се прошири на „стратешко технолошко партнерство, вклучително и во одбраната, чистата енергија и вселената“, бидејќи двете влади се обидуваат да се спротивстават на влијанието на Кина во глобалниот технолошки опсег.

Реклама

Моди, кој ја претстави иницијативата „Направено во Индија“ пред девет години, борејќи се да ја претвори Индија во технолошка и производствена моќ.

„Постојат области во минатото каде што Индија имаше глобален успех во производството, но тие области се малку“, вели Рик Росоу, претседавач за политика на САД и Индија, ЦСИС.

Росоу вели дека инфраструктурните слабости и оптоварувачките регулативи на државно ниво го попречуваат растот.

„Ако разговарате со производителите што ги знаете, на крајот на денот, им треба електрична енергија, им треба вода, им требаат разбирливи прописи и сите тие работи се контролирани од државните влади“, додава Росоу.

Американската компанија на Бен Џанг има производствени зделки во Индија, но тој смета дека земјата има долг пат да помине за да се натпреварува со Кина по цена и брзина.

„Кина е она како во стилот… добивате проект, бум бум бум... И, тој веднаш е завршен, вели Бен Џанг, извршен директор на Грејтер Пацифик Индустрис.

Но, политичката тензија и пандемијата во Кина ги забрзаа промените.

Фокскон, која произведува ајфон телефони за Епл, следната година ќе отвори нова фабрика во индиската држава Карнатака, која ќе донесе 50.000 работни места, според новинската агенција Ројтерс.

Првите две продавници на Епл се отворија во Индија со голема возбуда.

Можеби богатството на инженерски таленти на Индија и помага на земјата да го направи својот скок напред, вели Росоу.

„Веројатно поголемиот акцент на Индија се студентите кои ја создаваат технологијата и инженерската позадина. Развивањето, дизајнот и истражувањето се токму она во што Индија е одлична“, вели Росоу.

Индија ја престигна Кина по бројот на населението. Натпреварувањето во технологијата и доминацијата во производството е сè уште работа во тек.

Joванчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон