Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Зошто власта не бара промена на преговарачката рамка по теркот на разговорите Србија-Косово?

Преговарачката рамка не е врежана во камен, бар тоа го покажува примерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преговарачката рамка не е врежана во камен, бар тоа го покажува примерот со разговорите со Србија и Косово, што е споритвно на она што го тврдеше македонската власт, кога народот и опозицијата бараат промена на рамката кој според нив не е во полза на македонскиот народ. Поранешниот министер за надворешни работи, а сегашен актуелен пратеник, Милошоски за Алфа вели дека тоа што власта го тврдела, дефакто пред неколку дена е демантирано во Охрид.

Мислам дека ставот на Владата кога пред усвојувањето на преговарачката рамка, голем дел од општеството, не само опозицијата, бараа преговарачката рамка да биде подобра и да не е обременета со билатерални прашања, Владата тврдеше дека тоа е не можно да се случи, тоа беше демантирано во Охрид на српско-косовските разговори и се гледа кога има сериозна дипломатија и кога се знае вистинската цел што сака да ја постигне една држава, се разбира во соработка со самата ЕУ и со другите актери, не е невозможно да има изменување на преговарачката рамка која за Србија била утврдена пред 10 години бидејќи толку долго и преговараат,вели за Алфа Антонио Милошоски – поранешен министер за надворешни работи и актуелен пратеник.

Зошто власта не одиграла во полза на барањата на граѓаните каде се бараше менување на рамката односно да не се внесуваат историски и билатерални спорови во истата, Милиошоски смета дека три фактори придонесуваат за таквите чекори на владата. Првиот фактор зошто власта е инертна e што во моментов во најголем дел од власта е во рацете на Артан Груби и Бујар Османи отколку што е раководена од номиналната владејачка партија, СДСМ вели за Алфа Антонио Милошоски – поранешен министер за надворешни работи и актуелен пратеник.

Реклама

Вториот фактор е што, она што го спомена еднаш поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, тој за сегашниот премиер Ковачевски кажа дека забележува дека кај него недостасува капацитет за надворешно-политички односи и сметам дека има право дека сегашниот премиер Ковачевски нема чувство за реалната важност за надворешно-политичките односи и за енергијата што треба да биде вложена во истите за да се заштитат државните интереси. Третиот фактор е што власта преговара не во интерес на државата и граѓаните на долгорочен план во идните 5, 10 , 15 години туку преговараат краткорочно што поединци од власта би добиле за возврат како нивен материјален или кариерен бенефит во следните 5,6,10 месеци.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ бараше измени на преговарачката рамка кои не задираат во историјата и националниот идентитет на македонскиот народ, но власта упорно тврдеше дека рамката не може да се промени, и дека токму оваа рамка гарантирала утврден идентитет и историја на Македонија.

Мери Симоновска