Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Злоупотреби, наместо промоција – состојбите во Македонската дипломатија се алармантни

Македонската дипломатија повторно на тапет на ВМРО-ДПМНЕ. Минстерство за надворешни работи промотор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската дипломатија повторно на тапет на ВМРО-ДПМНЕ. Минстерство за надворешни работи промотор на партиски функционери, гласот на дипломатите не се слуша, положбата на Македонија полоша од било кога, ова беа дел од пораките кои партијата ги испрати денеска до јавноста, за кои како што велат се поттикнати од катастрофалното владење на владејачките гарнитури.

Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник Милошоски потенцира дека МНР наместо да ја рекламира Македонија надвор од светот, го рекламира министерот во Македонија, а на стопански план МНР е најслабата алка, како и дека е оценето како министерство со најмала транспарентност што значи дека или нема кадар или раководството има податоци кои не сака да ги сподели, вели Милошоски.

Дека дипломатијата се соочува со проблеми наметнати од неадекватното владеење на првите луѓе во власта, посочува и поранешниот амбасадор Ѓорчев.

Реклама

И амбасадорот Зоран Дабиќ на иста линија, дипломатијата тоне, Македонија се соочува со сериозни предизвици кои се резултат на лошата работа на челниците кои ја водат истата, вели претседателот на македонскиот дипломатски синдикат.

Со одговор се јавија од министерството за надворешни работи, но наместо да дадат одговор на обвинувањата, тие преку соопштение решија да се занимаваат со политиките на претходната власт која била виновна за состојбите:

Министерството денес се соочува со сериозни системски недостатоци кои се резултат на долгогодишнo нестручно работење и длабоко партизирираниот пристап во водењето на институцијата во времето кога со МНР раководат министри од ВМРО-ДПМНЕ. Со денешната партиска трибина на ВМРО ДПМНЕ уште еднаш на јавна сцена ја видовме штетата која оваа партија ѝ ја нанесе на дипломатијата преку партизацијата на Министерството токму за време на министерувањето на лицата од трибината.

Од МНР велат и дека од почетокот на мандатот на актуелниот министер, вработувањата, унапредувањата и испраќање на мисии се врши преку интерни огласи, согласно законските процедури.