Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Зајакнување на соработката меѓу Министерството за правда и Комората на извршителите

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари средба со претседателката на Комората…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари средба со претседателката на Комората на извршителите, Весна Деловска, на која е разговарано за актуелните предизвици во извршителската дејност и можностите за унапредување на законските решенија.

Комората на извршителите, која од 2006 година има континуирана соработка со Министерството за правда, ги презентирала своите забелешки и предлози во однос на измените и дополнувањата на Законот за извршувањето, како и подготвеноста активно да придонесе во понатамошната работа на работната група.

– Министерството за правда останува посветено на инклузивен процес на законски реформи, во кој ќе бидат разгледани сите конструктивни предлози со цел создавање поефикасен, потранспарентен и поправеден систем на извршување, во интерес на граѓаните, правната сигурност и владеењето на правото – велат од ресорното Министерство.