Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Засилена координација за превенција од пожари во Македонска Каменица

Во Македонска Каменица денеска се одржа седница на Локалниот совет за превенција,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Македонска Каменица денеска се одржа седница на Локалниот совет за превенција, на која претставници на надлежните институции разговараа за унапредување на координацијата и подготвеноста за справување со ризикот од пожари.

На состанокот беше заклучено дека е неопходно да се зајакне меѓуинституционалната соработка, со цел обезбедување навремена и ефикасна интервенција во рамките на надлежностите на секоја институција. Посебен акцент беше ставен на примената на современи технологии, меѓу кои и користење на дронови, за рана детекција и следење на состојбата на терен.

Истовремено, беше нагласена потребата од одговорно однесување на граѓаните, како и доследно санкционирање на несовесните постапки кои можат да предизвикаат пожари.

Реклама

Од Локалниот совет за превенција потенцираат дека само со заедничка одговорност, добра координација и навремено дејствување може поуспешно да се заштитат шумите, природата и безбедноста на граѓаните во општината.