Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Започна реализацијата на проектот за доградба и реконструкција на ООУ „Синиша Стоилов“ во Општина Зрновци

Во општина Зрновци  денеска отпочна реализацијата на проектот „Воведување на мерки за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во општина Зрновци  денеска отпочна реализацијата на проектот „Воведување на мерки за енергетска ефикасност и подобрување на просторните услови во образовниот процес преку доградба и реконструкција на ООУ „Синиша Стоилов“ , кој се реализира со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа (МЛС) преку Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година. 

Вкупната вредност на проектот изнесува 4.701.503 денари, од кои 4.600.000 денари се обезбедени од МЛС, додека 101.503 денари се средства за кофинансирање од страна на корисникот. 

По повод почетокот на градежните активности, министерот за локална самоуправа Иван Стоиљковиќ истакна дека вложувањето во образовната инфраструктура претставува инвестиција во иднината на локалните заедници. 

Реклама

– Создавањето подобри услови за образование е еден од најзначајните предуслови за рамномерен локален и регионален развој. Нашата определба е секоја општина што има квалитетен проект и јасна визија за развој да добие поддршка, затоа што сите граѓани заслужуваат еднакви можности. Со реализацијата на овој проект ќе се подобрат просторните услови во училиштето, ќе се унапреди енергетската ефикасност на објектот и ќе се обезбеди поквалитетна средина за учениците и наставниот кадар. Министерството за локална самоуправа ќе продолжи да ги поддржува проектите што носат конкретни придобивки за граѓаните и придонесуваат за подобар квалитет на живот во сите региони – изјави министерот Стоилковиќ.

Проектот е дел од активностите за намалување на регионалните диспаритети и зајакнување на регионалната конкурентност преку инвестиции во јавната инфраструктура, со цел создавање поквалитетни услови за живот и работа во локалните заедници.