Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Заменик-министерот за здравство Андовски во Кичево: Конкретен план за нова и функционална болница

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, градоначалникот на Општина Кичево Александар Јованоски и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, градоначалникот на Општина Кичево Александар Јованоски и директорката на Општа болница Кичево, Маја Цветановска Трајковска, заедно со делегација на Светска банка, денеска ја посетиле болницата во Кичево и го разгледале концептот за изградба на нова болничка установа.

Како што соопшти Министерството за здравство, планираната инвестиција е проценета на околу 1,38 милијарди денари, односно 22,5 милиони евра.

-Кичево со децении се соочува со несоодветни болнички услови. Време е овој проблем да добие трајно и функционално решение. Целта е граѓаните да добијат сигурна здравствена грижа во својот град, а здравствените работници современи услови за работа – изјави Андовски.

Реклама

Новиот комплекс ќе располага со современи простории за дијагностика, болничко лекување и ургентна нега, системи за медицински гасови и енергетски ефикасни решенија.

Од Министерството додаваат дека болницата ќе обезбедува услуги за Општина Кичево, како и за населението од околните места, со што ќе се намали потребата пациентите да патуваат во Скопје, Охрид и Битола.

-Новата болница треба да стави крај на долгогодишната неизвесност и да обезбеди трајно здравствено решение за Кичево и околината, стои во соопштението на МЗ.