Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Заврши првото издание на Летниот камп по историја „Наде Проева“

„Македоника – Центар за историски студии ‘Наде Проева’“ успешно го реализира летниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Македоника – Центар за историски студии ‘Наде Проева’“ успешно го реализира летниот камп по историја „Наде Проева“  именуван според името на една од најистакнатите македонски историчарки, универзитетски професор и научен истражувач, чиј богат научен опус и огромен придонес во проучувањето на античката историја, особено историјата на античка Македонија, претставуваат трајна инспирација за младите генерации. 

„Македоника – Центар за историски студии ‘Наде Проева’“ го востанови летниот камп како траен спомен и продолжение на нејзината мисија – историјата да биде достапна, научно заснована и интересна за младите.

На кампот учествуваа средношколци од различни градови низ Македонија, кои во текот на петте дена имаа можност да стекнат нови знаења, да развиваат критичко размислување и аналитички способности, да научат како функционира историското истражување, да се запознаат со археологијата и културното наследство, како и да изградат нови пријателства со врсници кои ја споделуваат истата љубов кон историјата.

Реклама

Главната цел на кампот беше да ја доближи историјата до младите преку современ и интерактивен пристап кон учењето, да ја поттикне љубопитноста и интересот за историската наука, да ги развие вештините за анализа и критичко толкување на историските извори, да ја поттикне културата на аргументирана дискусија и дебата, да ја афирмира важноста на македонското историско и културно наследство, да го поттикне интересот за археологијата и заштитата на културното наследство, како и да создаде простор каде младите ќе можат да учат, истражуваат, разменуваат идеи и да градат нови пријателства надвор од формалното образование.

Во текот на петдневната програма беа реализирани бројни предавања посветени на историјата како научна дисциплина, Античка Македонија, Филип II, Александар III Македонски, античките и средновековните градови во Македонија, населувањето на Словените, Самоиловата држава, историските извори и методологијата на историското истражување. Покрај теоретскиот дел, учесниците посетија значајни археолошки локалитети во Претор, каде непосредно се запознаа со богатото културно-историско наследство на Преспа.