Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Животните во ЗОО паркот во Штип имаат дополнителна грижа и исхрана на летните температури

Животните во ЗОО паркот „Бриони“ во Штип со летните горештени се справуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Животните во ЗОО паркот „Бриони“ во Штип со летните горештени се справуваат со свежа вода, полесна храна и дебела сенка, истакна денеска Зоран Божиков, доктор по ветеринарна медицина.

Тој вели дека како  кај луѓето, така и за животните при вакви летни температури се бара дополнителна грижа. Во летниот период им се менува начинот на исхрана, добиваат повеќе овошје и зеленчук, а водата за пиење редовно се менува, за да биде секогаш свежа. 

– Тука пред сѐ ќе спомнам промена во самиот режим на исхрана. Животните се хранат во раните утрински часови, храната е полесна во однос на зимскиот период, преовладува храна која што е богата со течности, мислам овошје и зеленчук и слично. Друга важна работа е што на животните дел од објектите кои што се тука во ЗОО парк „Бриони“ во дел од објектите има инсталирано и автоматски подлоги, кои што се приклучени на водоводната мрежа, така да во тие одгледувалишта животните имаат 24 часовна достапност до свежа пивка вода. Во оние каде што нема, значи во садовите им се често пати менува водата. Потребна е повеќе количина на течности. Понатаму самата конфигурација на теренот е таква да изобилува со доста дрва со големи крошни, кои што формираат природна и длабока сенка и на тој начин спречува диркетно влијание на сончевите зраци до самите животни, што е исто така голема поволност за нас и самите живоните – изјави Божиков.

Реклама

Освен основната грижа, за некои животни се потребни и посебни услови за полесно да ги поднесат жештините. За патките и шатките се обезбедуваат базени со свежа вода, виетнамските прасиња имаат места за разладување,  мајмуните, пак, имаат климатизирани простории.

– Некои од животните ќе споменам дека се посебно осетливи на високи температури. Домашната живина, како патки, шатки, тие имаат посебно базен во кој што често пати се менува водата за да има е секогаш свежа и поладна. Во склоп на ЗОО паркот имаме виетнамски свињи кои што исто така се доста осетливи на високи температури и во нивните живеалишта, кои што се во комбинација на бетонски и земјен дел, во земјениот дел се прават калишта во кои што тие влегуваат и се разладуваат. Мајмуните, исто така, се сместени во објекти од цврста градба во кои што има инсталирано електрични уреди, односно клима уреди во кои што се климатизира внатрешноста на објектот – појаснува Божиков. 

Тој посочува грижата за животните трае во текот на целата година, а посебно внимание се посветува и на нивното здравје. Во летните месеци дополнително се следи нивната состојба и се преземаат мерки за полесно справување со високите температури.