Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Свет

Жестоки борби во Донбас, ослободени делови во Харков, нови 40 милијарди долари помош од САД, намалена испорака на гас преку Украина!

Проруските сепаратисти во источна Украина напреднаа до границите на регионот Луганск, една…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проруските сепаратисти во источна Украина напреднаа до границите на регионот Луганск, една од главните области над кои Русија се обидува да ја преземе контролата од почетокот на инвазијата. Градот Попасна, за кој се водеа тешки битки, сега е „исчистен“ од украинските сили, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков. Гувернерот на Луганск Сергеј Хајдај рече дека украинските сили мораа да се повлечат од Попасна, но наводно Русите не ја пробија нивната одбрана.

Заедно со источна Украина, Русија го напаѓа и југот на земјата. Во последните 24 часа има информации за засилени напади во Одеса, а Мариупол се уште е под постојано бомбардирање. Во фабриката за челик Азовстал наводно се уште има околу 100 цивили и речиси 1000 украински војници. Украинската војска тврди дека вратила некои окупирани области, вклучително и селата околу Харков, каде и натаму се водат жестоки борби.

„Оружјето помага многу. Посакувам државата почесто да не снабдува со нив. Оружјето го користиме исклучиво за конкретни цели. Како што можете да видите, имаме резултати. Ако има оружје, ќе има повеќе резултати“, изјави украински војник, пренесува Ројтерс.

Реклама

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека силите на неговата земја успешно започнале контра-офанзива што ги турка руските војници.

„Вооружените сили на нашата држава ни дадоа добри вести од регионот Харков. Окупаторите постепено се туркаат од Харков. Благодарен сум на сите наши бранители, кои ја држат линијата и со натчовечка сила и се спротиставуваат на некогашната втора најсилна армија во светот“, рече Зеленски во новото видео обраќање.

САД веруваат дека рускиот претседател Владимир Путин се подготвува за долг конфликт во Украина, а руската победа во Донбас можеби нема да стави крај на војната.

„Следните месец или два борбите ќе бидат од голема значајност бидејќи Русите се обидуваат да ги засилат своите напори. Но, дури и да бидат успешни, не сме убедени дека борбата во Донбас ќе стави крај на војната. Сметаме дека претседателот Путин се подготвува за продолжен конфликт во Украина, во кој неговите цели се и надвор од Донбас“, порача Аврил Хејнес, директорката на американското национално разузнавање

Претставничкиот дом на САД официјално одобри дополнителни 40 милијарди долари помош за Украина, а Конгресот се бори да го задржи протокот на воената помош, со цел да ја зајакне владата во Киев во отпорот со руската инвазија.

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ потврди дека се испорачува една четвртина помалку гас преку Украина кон Европа, откако Киев соопшти за намалување на количината поради војната. „Гаспром денеска ќе достави руски гас во износ од 72 милиони кубни метри за транзит низ територијата на Украина, изјави портпаролот на компанијата. Ова е една четвтина помалку во споредба со претходниот ден кога барањата изнесувале 95,8 милиони кубни метри.