Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец

Деветнаесетгодишниот  Саит Саитов од Скопје, кој беше баран со меѓународна потерница распишана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Деветнаесетгодишниот  Саит Саитов од Скопје, кој беше баран со меѓународна потерница распишана од МВР на 12 јануари, денеска е екстрадиран од Србија во нашата земја, информира Министерството за внатрешни работи.  МВР објави дека на Саитов му е определена мерка притвор и дека е предаден во затворот „Скопје“ за понатамошна постапка.

Саитов е осомничен за сторени кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ откако на 9 јануари 2026 со автомобил усмрти жена во Капиштец.

По распишаната потерница од МВР, во февруари тој беше приведен во Белград по што следуваше  постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави за негово екстрадирање во Македонија и соодветно санкционирање. 

Реклама

На 9 јануари со автомобил „фолскваген пасат“ Саитов прегази жена во Капиштец, избега од местото на настанот и ја напушти државата. На 10 јануари јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против тогаш 18-годишниот Саитов, а уште две лица (маж и жена) беа осомничени дека му помогнале по извршувањето на кривичното дело.  

Како што информираше тогаш Обвинителството, со автомобил „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, мажот и жената дошле до домот на осомничениот веднаш по сообраќајната несреќа, го зеле заедно со неговиот татко и преку граничниот премин Табановце ги пренеле во Србија. Таму ги оставиле, по што помагачите се вратиле во земјава околу полноќ.

-Саит Саитов го управувал автомобилот без да поседува важечка возачка дозвола. Со возилото удрил во Љуба Јаковлеска, која како пешак попречно го поминувала коловозот. Од ударот и падот на коловозот жената се здобила со тешки телесни повреди, а осомничениот без да и укаже помош веднаш го напуштил местото на настанот. Жртвата била префрлена во Ургентниот центар каде и покрај укажаната медицинска помош починала. Другите двајца осомничени, маж и жена, му помогнале на Саитов да ја напушти државата, пренесувајќи го со својот автомобил преку граничниот премин Табановце. Тие се лишени од слобода по враќањето во земјава и за нив јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Притворска мерка е побарана и за осомничениот возач кој е во бегство и за него притворот ќе почне да се спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода, сопштија во јануари МВР и Обвинителството.