Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

Експерти за реконструкцијата: Владината ротација носи стабилност и нова енергија

Реконструкцијата на Владата носи ново политичко освежување во извршната власт. Експертите оценуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реконструкцијата на Владата носи ново политичко освежување во извршната власт. Експертите оценуваат дека владините промени  ќе ја зајакнат стабилноста на коалицијата и ќе внесат нова енергија во работата на ресорите. Според нив, Премиерот покажа дека има коалициски капацитети и го спроведе тоа на најдобар можен начин.

„Очигледно е дека реконструкцијата на Владата пред се не покажа внатрешни проблеми во функционирањето на коалицијата, не покажа дека има одредени проблеми помеѓу трите клучни партнери, како што веројатно се надеваше опозицијата, туку видовме дека ова беше брз краток процес воден од прв до последен ден од Премиерот без мешања од коалицијата. Наликуваше на менаџерска промена на ресори со цел да се наградат кандидати кои покажале амбиции во првите две години.“- вели политичкиот експерт Цветан Чилиманов.

Најголемото изненадување, според аналитичарите се промените во ресорите здравство и култура. Експертите посочуваат дека и покрај амбициите кои ги покажал министерот за здравство сепак ВМРО превзема одговорност за едно од најголемите и клучни министерства.

Реклама

„Министерството за демографија и млади каде што гледаме дека и премиерот покажува интерес на темата демографија. А од друга страна овие министерства се одземени од Влен, од од друга страна и Влен доби три ресори. Влен доби алатки да продолжи со обелоденување, со промени на ресорите кои што Дуи ги водеше на начин на кој што ги водеше и воедно гледаме дека Дуи одбира со Влен да се бори на не план на реформи и економија туку на културолошки план. “- вели Чилиманов.

„ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжат да ја задржува контролата на клучните ресори кои ја дефинираат стратешката насока на владата како што се финансиите, внатрешните работи, надворешните работи.“- вели Џенур Исени.

Според експертите , пстанувањето на клучните ресори кај ВМРО-ДПМНЕ е јасен показател дека партијата е подготвена и во следниот период да го носи најголемиот товар во спроведувањето на владините политики.