Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Европското знаменце како тоалет хартија – кривичниот закон последен пример за злуопотреба од страна на власта

Европското знаменце спас за сите закони кои власта сака да ги донесе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европското знаменце спас за сите закони кои власта сака да ги донесе без широка јавна дебата, вака дел од поранешните пратеници, но и правни експерти го класифицираат употребувањето на европското знаменце кое се повеќе се употребува во законодавникот дом.

Закон за судии и јавни обвинители, закон за Бехтел и Енка, измени на КЗ, ратификација на договорот за добрососедство со Бугарија, и Преспанскиот договор ова се само дел од законите кои власта сама си ги донесе и тоа по скарена постапка ставајќи предзнак знаменце за законите да им помина само со тридневна дебата во собранието.

Според поранешниот пратеник Илија Димовски, лошата пракса на донесување на закони на овој начин се повеќе се забележува последниве два мандатам односно откако на власт се СДСМ и ДУИ, а претседател на законодавниот дом е Џафери. Собранието веќе одамна нема конртола врз власта и не ги претставува интересите на грашаните, смета Димовски.

Реклама

Ние се сведуваме на тоа дека комисијата за европски прашања е мал парламент во парламентот. Се што оди во комисија за европски прашања ако помине таму поминува и во Собрание, а таму не може да не помине заради мнозинството и заради ограничувањата.

Ние сме во момент каде мора да се внесе дополнителна регулатива околу ова прашање заради тоа што се прават сериозни злоупотреби и нарушувања на политичките процеси. Не можете закон за Бехтел и Енка кој е во сверата на градежништвото да го носите на комисија за европски прашања кога ниту една од двеет фирми со кој е склучен тој договор е едната турска другата америчка, вели Илија Димовски – поранешен пратеник.

Не само што се злоупоребува знаменцето туку власта тоа го прави дрско.

Мене ми е проблем не само тоа што се прекршува деловникот туку дрско се прави тоа. Власта дури не се обидува ниту да го спакува тоа во некаква обланда па да личи пристојно туку само дрско, доминантно и како јас одлучувам и што ми е гајле за сите вас. Деловникот нема одговор ваков каков што е, што во вакви ситуации, моќта е сконцентрирана во претседателот на собранието и претседателот на комисијата за европски прашања, Ние сме во момент каде мора да се внесе дополнителна регулатива околу ова прашање заради тоа што се прават сериозни злоупотреби и нарушувања на политичките процеси. Не можете закон за Бехтел и Енка кој е во сверата на градежништвото да го носите на комисија за европски прашања кога ниту една од двеет фирми со кој е склучен тој договор е едната турска другата америчка, вели Илија Димовски – поранешен пратеник.

Дека преку комисијата за еввропски прашања со која моментално раководи Арбр Адеми од ДУИ се носат сите клучи закони за власта, коменираше и поранешниот претседател на Собранието, Вељановски кој понуди решение како да се запре со константната злоупотреба, вели единствено решение со комисијата да раководи некој од опозицијата.

Инаку неадекватното користење, но и злоупотребување на европското знаменце е нотирано и во неколку извештаи на меѓуноародните заедници. Пред неколу месеци и амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, порача дека европското знаменце треба да се употребува само кога станува збор за закони што се поврзани со европските норми и стандарди, но не и да се користи за да се избегне јавна дебата при носењето важни закони.