Реклама

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Економија

Дрин Ахмети добил 80.000 евра директно од државата односно фондот за иновации и технолошки развој

Покрај бизнис способностите и претприемничкиот дух, внукот на Али Ахмети, Дрин, бил…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Покрај бизнис способностите и претприемничкиот дух, внукот на Али Ахмети, Дрин, бил и иноватор. За неговите иновации, тој од Фондот за иновации добил два гаранта, во вкупен износ од 82.000 евра, објави порталот мкд.мк.

Младиот Дрин Ахмети, на минато-неделната конференција за медиумите каде ја правдаше купопродажбата на бизнис центарот Соравиа, порача оти неговите деловни успеси воопшто не зависеле од чичко му Али Ахмети. Сепак, да учиш два факултети и да менаџираш повеќе компании истовремено не било така едностасвно, па дел од неговите фирми биле директно зависни од одлуките на некои државни институции, односно, се офајдиле со народни пари.

Пред околу една година, под инструментот за поддршка кофинансирани грантови на Фондот за иновации и технолошки развој, фирмата „Тхор Индустриес“, која неодамна ја купи Соравиа и која е во целосна сопственост на Дрин Ахмети, од фондот добила грант во вредност од 2 милиони денари, односно 32.000 евра.

Реклама

На истиот конкурс, инвативноста на Дрин веројатно била толку добра што тој не добил еден, туку два гранта. Засега за јавноста непознато е дали на конкурсот не се јавиле доволно иноватори, дали идеите на внукот на Ахмети биле без конкуренција или дали затоа што директор на фондот е кадар на ДУИ, па која и да е причина, компанијата Еверст ЏД, се почастила со народни пари во износ од над 3 милиони денари, односно 50.000 евра. Истата фирма која успева да копа минерални суровини во Зајас и да фаќа дебели државни тендери, а за која беше објавено дека има пријавено само еден вработен. Информација која Дрин ја демантираше.

Инаку, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој кој му ги доделил државните пари, Фестим Халили, покрај тоа што е кадар на владечката ДУИ, односно избран од чичко му на Дрин, Али Ахмети, на социјалните мрежи лесно може да се увидат и личните конекции на Халили со семесјтвото Ахмети. Тој досега изврушаваше разни јавни функции, а за јавноста стана познат со тендер за набавка на новогодишни пактечиња, тежок 1,3 милиони евра.

Никола Цветкоски