Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Прилози

Драма во Штип – Во четири часот наутро со багер им урнал дел од куќата и избегал

Вистинска драма се одвивала во раните утрински часови на улицата „Димо Хаџи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вистинска драма се одвивала во раните утрински часови на улицата „Димо Хаџи Димов“ бр. 9 во Штип. Непознат сторител, пет минути пред четири часот, со багер удрил во куќата на браќата Сефери, а потоа избегал. Четириесет и двегодишниот Џингис Сефери, кој сè уште е во шок, раскажува дека тој и неговиот брат спиеле кога соседите почнале да им тропаат на прозорците, предупредувајќи ги дека некој ја руши нивната куќа. Од силните удари срушен е дел од куќата. За среќа, багерот удрил во ѕидот на просторија што не се користи, па нема повредени.

„Ние спиевме во куќата. Живееме со брат ми. Не разбудија соседите кои почнаа да ни тропаат на џамот и ни звонеа на мобилен, викајќи: „Станувајте брзо, ви ја срушија куќата.“… Не е ни од Бога, како што се вели. Удрено е двапати со корпата и право избегал“, изјави штипјанецот Џингис Сефери.

Сефери тврди дека куќата не е дивоградба и не знае причина поради која некој би се обидел да му нанесе ваква штета. Иако никој не е повреден, ударите предизвикале сериозни оштетувања. Напукнати се таваните и во просториите каде што спијат двајцата браќа. Според него, доколку багерот продолжел да удира, последиците би можеле да бидат фатални.

Реклама

„На двете соби ми се оштетени таваните. Да речеме, имам околу 50 отсто оштетување на таваните“, изјави Џингис Сефери.

Увид извршија и инспектори од Општина Штип, при што е утврдено дека посочениот објект нема сопственик, но и дека браќата Сефери не располагаат со документи за сопственост. Целиот случај е сниман од безбедносната камера на соседите, а снимките веќе се предадени на полицијата.