Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Доктор Даниловски за западнонилската треска: Најважно е следењето на активноста на вирусот, осумте регистрирани тешки случаи се видливиот врв на епидемиолошката санта мраз

Во оваа фаза најважни се засилениот епидемиолошки и ентомолошки надзор, следењето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во оваа фаза најважни се засилениот епидемиолошки и ентомолошки надзор, следењето на активноста на вирусот, систематската контрола на комарците и личната заштита од убоди – напиша доктор Драган Даниловски на „Фејсбук“ за случаите на западнонилска треска во државата.

Во државата досега се евидентирани осум случаи на западнонилска треска.

– Сите регистрирани пациенти имале тешка, невроинвазивна форма на болеста, со зафаќање на централниот нервен систем. Оваа информација заслужува малку подлабоко епидемиолошко разгледување. Осум тешки случаи? Но, осум од колку вкупно инфекции? Тоа е прашањето што бројката сама по себе не може да го одговори. Кај инфекцијата со вирусот западен нил 80-ина проценти од инфицираните воопшто немаат симптоми. Кај приближно 20 проценти се јавува фебрилна болест, најчесто со релативно лесен тек. Тешката невроинвазивна форма се развива кај помалку од еден процент од инфицираните, а ризикот расте со возраста и кај лица со одредени хронични заболувања и нарушен имунитет – пишува во објавата на „Фејсбук“.

Реклама

Докторот пишува дека токму тешките случаи имаат најголема веројатност да стигнат до болница, да бидат лабораториски испитани и да влезат во официјалната статистика. Асимптоматските инфекции, се нагласува во објавата, остануваат невидливи, а некои од лесните случаи, веројатно, никогаш нема да бидат препознаени како западнонилска треска.

– Оттука, осумте регистрирани тешки случаи се видливиот врв на епидемиолошката санта мраз. Под површината останува непознат број асимптоматски инфекции, лесни или неспецифични форми, што не биле препознаени како западнонилска треска, како и случаи кај лица што воопшто не побарале лекарска помош. Без горново објаснување, објавените информации во медиумите дека „сите регистрирани случаи имале тешка, невроинвазивна форма на болеста“ лесно може да бидат погрешно прочитани, како: „Западнонилската треска кај нас предизвикува тешка болест кај сите заразени“. И дека штом е така, логично, вирусот станал поагресивен. Што, се разбира, не е точно – истакнува доктор Даниловски.

Од особено епидемиолошко значење, нагласува тој, е и фактот што повеќето од досега регистрираните случаи се автохтони.

– Тоа потврдува дека вирусот ова лето циркулира локално во природниот циклус птици – комарци и дека постои изложеност на населението. Во оваа фаза најважни се засилениот епидемиолошки и ентомолошки надзор, следењето на активноста на вирусот, систематската контрола на комарците и личната заштита од убоди. Значи, во епидемиологијата изолирана бројка сама по себе не значи ништо! Таа е почеток на анализата. Нејзиното вистинско значење го добиваме дури кога ќе прашаме од која популација произлегува, како е регистрирана и што останало невидливо зад неа – додава докторот.

За поширокиот контекст на западнонилската треска и другите заболувања што се пренесуваат со вектори тој појаснува оти на 6 јули објавил подетална анализа: „Како климатските промени и векторите ја менуваат епидемиологијата на заразните болести“.