Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Додека сум премиер, приоритет ќе ми бидат граѓаните и во таа насока ќе се движат политиките на Владата, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека опозицијата ќе продолжи да шири дефетистички сценарија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека опозицијата ќе продолжи да шири дефетистички сценарија за тоа дека земјата е во криза, дека нема пари и вели оти тоа е резултат на нивната незрела политика, но дека нивна цел како Влада е да направат сè за животот на граѓаните да биде подобар. Тоа, рече, додека е тој премиер, ќе биде приоритет и во насока на тој приоритет ќе се движат политиките на оваа Влада.

– Видете, претпоставувам дека тие ќе продолжат на ваков начин да водат политика. Вие се сеќавате, тие зборуваа дека ќе сме банкротирале во 2024 година. Па не банкротиравме. Потоа велеа ќе банкротираме во 2025 сигурно. Постигнавме историски најголем резултат и раст. Сега шират иста теза дека годинава сигурно ќе банкротираме. Еве повторно имам лоша вест за нив: не само што нема да банкротираме, туку ќе гледаат сè повеќе вакви проекти како овој како се реализираат и така до крајот на мандатот на оваа Влада, а потоа и по следните парламентарни избори, оваа Влада ќе победи и повторно ќе биде власт – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање при посетата на општина Сарај.

Вели дека иста таква хистерија ширеле и за наводно доаѓање мигранти, кои се виде дека ги нема.

Реклама

– Така, тие повторно се обидуваат на тој начин да водат политика. Неколку дена ги слушаме како на дилерот од Кочани му бил отворен прозорецот, па тој избегал. Еве вчера е приведен, однесен е таму каде што му е местото – во затвор, исто како што беа пронајдени тие во Драч и беа донесени овде – рече премиерот.

На обвинувањата за тешка есен за граѓаните, премиерот само кусо рече дека доволен коментар е што веќе трета година од мандатот на Владата цената на електричната енергија за граѓаните не само што не е поскапена туку се обидуваат да најдат формула од јануари да ја поевтинат за ралика од времето на владата на СДСМ и ДУИ кога таа пораснала за една третина. Тоа, нагласи, се мерливи, компаративни резултати и бројки и по тоа можеме да се споредуваме, а не по лажна политичка реторика.