Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Димитровски: Планот за раст и Инвестициската рамка го забрзуваат европскиот пат на регионот

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денес учествуваше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денес учествуваше на конференција во организација на Европскиот суд на ревизори во Луксембург, на која учествуваа високи претставници на институциите на Европската Унија, европските финансиски институции, претставници на владите на земјите од Западен Балкан и други меѓународни партнери.

Конференцијата беше посветена на европската финансиска поддршка за земјите од Западен Балкан, со посебен осврт на неодамна објавениот Специјален извештај на Европскиот суд на ревизори за имплементацијата и резултатите од проектите поддржани преку Инвестициската рамка за Западен Балкан и Инструментот за реформи и раст.

Заменик министерот Димитровски имаше свое обраќање на панелот посветен на имплементацијата на европската финансиска поддршка, со фокус на искуството на нашата земја како корисник на овие европски финансиски инструменти, предизвиците во реализацијата на проектите и улогата на Планот за раст во процесот на пристапување кон Европската Унија.

Реклама

Димитровски, информираат од МНРиНТ, истакна дека Инвестициската рамка за Западен Балкан и Планот за раст на ЕУ претставуваат значајни инструменти за забрзување на реформите, реализација на стратешки инфраструктурни инвестиции и постепена интеграција на нашата земја во единствениот европски пазар. 

Тој посочи дека нашата земја е меѓу првите земји кои добија позитивна оценка за Реформската агенда, што претставува потврда за посветеноста на земјата во спроведувањето на реформите и ефикасното користење на европските финансиски инструменти.

Додаде, дека и покрај тоа што средствата од Инвестициската рамка на ЕУ се ограничени, а во нашата земја и регионот во тек се крупни инфраструктурни проекти од повеќе милијарди евра, како што е брзата железница на Коридорот 10 од Солун до Будимпешта, учеството на Европската Унија во нивното финансирање, макар и симболично, останува значајно бидејќи обезбедува стандарди и сигурност за нивна успешна реализација во интерес на нашите граѓани.