Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Димитриевски од Охрид: Граѓаните бараат систем на вредности и владеење на правото, а ние можеме да го поставиме

Граѓаните бараат систем на вредности, владеење на право и еднаквост на сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните бараат систем на вредности, владеење на право и еднаквост на сите пред законот, ред и дисциплина. И, секако дека тој ред можеме да го поставиме, порача денеска од Охрид лидерот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски.

Во рамките на караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, што го реализираат во повеќе градови низ државата, Димитриевски истакна дека заедно со коалициските партнери, пред две години работата ја преземале од нула, дури, како што рече, и негативна состојба, а денеска евидентно се придвижуваат.

– Додека доаѓав во Охрид, видов дека интензивно се работи на инфраструктурата, што не беше случај во минатото. Отворени се голем број инфраструктурни проекти и на општинско, и на регионално, и на државно ниво. Самата потврда за реализацијата на капиталните расходи во буџетот дополнително го потврдува тоа. И сметам дека само со работа, посветени, со сопствените ресурси и помошта којашто доаѓа од надвор, ние можеме да обезбедиме еднакви можности на сите граѓани, рече Димитриевски.

Реклама

На средбите со граѓаните, посочи тој, отворено разговараат во која насока се движи Македонија, значењето на ЗНАМ како партнер во власта, и да ги слушнат сите позитивни и негативни критики и сугестии од народот, бидејќи, според него, секогаш може да се постигнат подобри резултати.

Потсети дека ​ЗНАМ влезе во реконструкцијата на Владата и оти презема одговорност во секторот земјоделство, една од најбитните стопански гранки во државата. 

– Нашата цел пред изборите, во рамки на изборната програма, беше дека ќе работиме за самоодржливост и самоодржлива Македонија, и сметаме дека токму во овој ресор можеме да дадеме голем придонес. ​Излеговме од едно бирократско министерство, како што е Министерството за правда, каде што работата повеќе се гледа на хартија, и влеговме во едно министерство со многу одговорна личност која треба да го менаџира. Личност која доаѓа од земјоделско семејство сè со цел да ги унапреди можностите на земјоделците во државата и да ја придвижиме Македонија да биде своја на своето и да продолжи да чекори на европскиот пат достоинствено, како што треба, сè со цел граѓаните да живеат подобро во Македонија, подвлече Димитриевски.

Резултатите од тоа, подвлече, ќе ги видат на редовни или можеби, како што рече, предвремени парламентарни избори, кога граѓаните ќе ја дадат својата проценка за Владата и за нив како партнер во власта.