Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Ребалансот на Буџетот за 2026 година не е кризен, туку развоен –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ребалансот на Буџетот за 2026 година не е кризен, туку развоен – уверува министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Според неа, јавните финансии се стабилни, а со измените се обезбедуваат средства за редовна исплата на платите, пензиите, социјалните надоместоци, како и за зголемување на капиталните инвестиции, кои достигнуваат околу 46 милијарди денари. Дополнителни средства се предвидении за земјоделството, образованието, социјалната заштита и општините.

„Растат платите, пензиите и кредитната активност, а извозот и странските директни инвестиции испраќаат силен сигнал дека довербата во македонската економија се зголемува. Во првиот квартал странските директни инвестиции достигнаа 218,6 милиони евра, што е раст од 46,8 проценти во однос на истиот период минатата година.“, изјави Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии.

Во собраниската расправа за ребалансот, биле прифатени и амандмани за поддршка на жените земјоделки, воспоставување национална СОС-линија и отворање два центри за згрижување жртви на семејно и родово насилство. Главниот акцент е ставен на патната и железничката инфраструктура, енергетиката, здравството и комуналните проекти, кои според министерката ќе доведат до економски раст и нови работни места.

Реклама

„Ребалансот на Буџетот ќе обезбеди редовна исплата на платите, пензиите, социјалните надоместоци и сите останати обврски што државата ги има кон граѓаните. Сепак, во услови на веќе обезбедени стабилни буџетски приходи и јавни финансии, акцентот сега го ставаме на капиталните инвестиции. Инвестициите што денес ги реализираме во патишта, железници, енергетика, образование, здравство и комунална инфраструктура, ќе создадат повисока економска активност, нови работни места и подобар животен стандард“.

Оптимизот се темели на растот на економијата од 3,1 проценти, само во првиот квартал од годинава, како и на зголемените странски инвестиции. Целта е ребалансот да обезбеди продолжување на инвестицискиот циклус, фискална стабилност и подобар животен стандард на граѓаните.