Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Г.г. Стефан: Да го чуваме наследството на Свети Климент, само така ќе се зачуваме и себеси

Споменот за Свети Климент Охридски е повикот и за нашето време, да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Споменот за Свети Климент Охридски е повикот и за нашето време, да го чуваме неговото наследство зашто само така ќе се зачуваме и себеси. Само она знаење коешто е проникнато со духовна смисла може да го изгради човекот како слободна и одговорна личност, порача поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Ариепископија г.г. Стефан вечерва на Свечената академија „Во слава на словото“ по повод 1110 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски и 100 години од починувањето на Крсте Петков Мисирков.

Древната словенска и македонска литература,  посочи, никогаш не постоела одвоена од духовниот живот на народот. Таа извирала од молитвата и се влевала во молитвата. Во тоа се состои неминливото значење на делото на Свети Климент. Тој ни е сведочење дека книгата не е само цел, туку пат кон просветлување и дека вистинската вредност на словото не е да го информира човекот, туку да го преобрази.

Архиепископот Охридски и Македонски нагласи дека секоја епоха со предизвиците што ги носи е повикана повторно да го постави прашањето за своите темели. А одговорот на тоа прашање, како што рече, секогаш започнува со сосеќавањето, зашто народот што ги заборава своите духовни учители постепено го губи и чувството за сопствениот пат, за сопствената иднина.  

Реклама

– Поради тоа, споменот за Свети Климент Охридски е повик и за нашето време. Денес во ова време на брз технолошки развој и на неверојатно брз проток на информации, наследството на Свети Климент добива особена важност. Никогаш досега човекот немал толку многу можности да стигне до знаења, а сепак никогаш не била поголема опасноста да се изгубат длабочината на мислата и желбата за созерцание и промислување. Впрочем, само она знаење коешто е проникнато со духовна смисла може да го изгради човекот како слободна и одговорна личност. Оттаму, и денес ни е потребно да го помниме Свети Климент и постојано да го помниме дека оној што го губи историското паметење, што ја губи историската меморија, што го изгубува чувството за сопственото потекло, тој го губи и чувството за својот бит, за својата задача и за своето место во светот. Токму затоа книгата низ вековите била еден од најголемите чувари на човечката меморија. Во неа, во книгата се сретнуваат поколенијата. Во неа минатото му зборува на сегашниот човек, а сегашниот човек остава сведоштво за оние што доаѓаат по него. Затоа и делото на Свети Климент не е само дел од нашето историско наследство, тоа е сведоштво дека личност која е исполнета со вера, надеж и љубов може да остави трага што ги надминува вековите – рече архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан.

Тој укажа дека блажениот Теофилакт Охридски, сведочи оти Свети Климент составувал едноставни и јасни слова за празниците, така што тие биле разбирливи за секој човек. И токму во таа едноставност, нагласи, се открива неговата големина. Свети Климент не пишувал за да ја покаже својата мудрост, туку за да им помогне на луѓето да го најдат патот кон Божјата мудрост. Тој не зборувал за да создаде восхит кон себеси, туку за преку него луѓето да се приближат до превечното Слово на Отецот.

– Затоа, неговото дело продолжува да нѐ повикува и денес. Во време кога информациите брзо исчезнуваат, потребно е да ја откриеме силата на траењето. Во време кога знаењето се одвојува од мудроста, потребно е да ја преоткриеме просветата којашто го преобразува целиот човек. Следствено, да се угледаме на Свети Климент и да го чуваме неговото наследство, зашто само така ќе се зачуваме и себеси – рече поглаварот на МПЦ – ОА на свечената академија.