Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Грковска молчи за нападот на Aртан Груби врз антикорупциската комисија

Вицепремиерката за добро владеење остана нема на расправијата меѓу нејзиниот колега Груби…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерката за добро владеење остана нема на расправијата меѓу нејзиниот колега Груби и антикорупциската комисија. Иако првиот вицепремиер на јавна сцена рече дека ДКСК не ги бивало, а тоа не смее да го прави, барем засега од кабинетот на Грковска нема реакција.

Алфа побара одговорот од вицепремирката дали ќе превземе нешто и зошто до сега нема никаков став, но одговор не добивме.

Отсуството на соодветна реакција на вицепремирката,дел од аналитичарите ја коментираат како проблем кој се влече низ системот.

Реклама

Поранешниот пратеник Илија Димовски за Алфа вели, Груби не смеел да си дозволи да коментира работа на комисија која воопшто не одговара пред нив.

Прво не смее да го прави, бидејќи антикорупциска не влегува во системот на извршна власт, туку е избрано тело по закон и одговара исклучиво на Собранието на РМ, токму со цел да ја контролира и извршната власт, локланите власти, судските власти итн. На скалилото на поставеност на политичкиот систем на Македонија, антикорупциската е најмалку на ниво на Влада, во смисла на нејзината улога и функција која ја има, вели Илија Димовски – поранешен пратеник.

Димовски посочува дека отсуството на реакција од Грковска  бил  доказ дека Владата функционира исклучиво по политички-коалициони односи, а не по системски и законски. Трето, вели Димовски проблем е и тоа што Собранието не реагираше и не се стви во заштита на телото кое сами го формираа за да ја контролира владата.

Коментирајќи ја позицијата на Грковска и нејзината работа, Димовски вели таа била добар пратеник, но не и добар вицепремер, ја повикува да поднесе оставка.

Сега во обавување на оваа фукнција не остава никаков впечаток.  Мојот совет до нејзе е да си поднесе оставка ден побрзо. Не оти таа е слаба во обавување на функцијата туку така  се поставени политичките односи да нејзината функција е само декор во функционирање на системот. Ако сака да остави впечаток во борбата против корупцијата Славица Грковска треба да си поднесе оставка, вели Илија Димовски – поранешен пратеник.

И претходно вицепремерката Грковска остануваше нема на постапките на дел од владејачката коалиција, наместо конкретни чекори таа само упатуваше предупредувања кон највиоските ешалони на власта кои државните ресурси ги користеа за партиски цели. Покрај недостатокот на акција за Груби и неговите констатации за аноткорупциска, таа и кога ДУИ користеа слижбени возила за приватни цели не реагираше соодветно. Немаше ни конкретна реакција кога повторно од ДУИ за видео спот министрите од партијата на Ахмети си поставија фудбалски и кошаркарски теренчиња во канцеларијата која ја користи Груби, а е направена од народни пари. Тогаш таа само изјави дека тоа не било добро прифатено од јавноста.