Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

Граѓаните бесни, се движат по темни улици, а плаќаат улично осветлување, ќе има ли протести?

Граѓани ширум земјава преку социјалните мрежи се самоорганизираат – или ќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓани ширум земјава преку социјалните мрежи се самоорганизираат – или ќе се укине ставката за улично осветлување или ќе излеземе на протести. Бараат веднаш од сметките за електрична енергија да се избрише ставката за улично осветлување. Штедењето со гаснење на улично светло е еднакво на кражба, бидејќи плаќаме за услуга која ја немаме-реагираат граѓаните, а ова се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

„Сакам сметка за струја на која ќе пишува само колку струја сум потрошила и колку да платам, а не да читам Зогравско евангелие во неа! Ова не е штедење, ова е грабеж на граѓаните кои ја плаќаат струјата за улично осветлување и тоа многукратно повеќе отколку што добиваат таква услуга!  Ги претворија населените места како гробишта. Стари лица, инвалиди, деца млади не гледаат кај одат. Наутро во 5 часот излегуваш за на работа, црна темница кучиња ќе не изедат!Веднаш да се уклучат уличните светилки во спротивно ќе следат тужби до надлежните судови. Ова се вика штедење на грбот на граѓаните кои редовно си го плаќаат сметките, а секојдневно има кражби по домовите на граѓаните!“ – велат граѓаните.

Неколку општини во Македонија од неодамна донесоа одлука за воведување на рестрикции во јавното осветлување поради недостиг на електрична енергија. Она што е многу интересно во целата оваа ситуација е износот на комуналната такса за јавно осветлување, која граѓаните ја плаќаат во ист износ како и во периодот кога немаше воопшто рестрикции во јавното осветлување-појаснува струшкиот адвокат Глигор Ќатоски кој веќе реагираше до надлежните иституции бидејќи во Струга е еден од градовите каде во вечерните часови е црна темица.

Реклама

„Комуналната такса се наплаќаат за одржување и користење на јавно осветлување. Со оглед на горенаведеното, а со цел вистинска заштеда на средства за граѓаните Општина Струга и другите општини во државата треба да донесат одлуки со кои сразмерно ќе го намалат износот за наплата на комунална такса за јавно осветлување за периодот односно процентот на денот за кои траат рестрикциите, односно граѓаните се лишени од користење на јавно осветлување“ – вели адвокатот Глигор Ќатоски.

За ова Ќатоски до општина Струга достави управен приговор а ќе иницира и гратските советници да расправаат за уличното осветлување. И додека стружани немаат улично осветлување, новата зграда на Општина Струга е целосно осветлена 24 часа, дури и во неработни денови-реагираат советниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

Росица Голабоска