Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Прилози

Град Скопје со субвенции ќе ги помага старите занаети за да се пренесат на младите генерации

Грнчари, самарџии, шапкари, опинчари, филигранџии – професиите од минатото кои некогаш беа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Грнчари, самарџии, шапкари, опинчари, филигранџии – професиите од минатото кои некогаш беа дел од чаршиите денес речиси се целосно изумрени. Се помалку луѓе се занимаваат со овие занаети, а младите речиси воопшто не  покажуваат интерес за нив. За да не останат само дел од историјата, туку да продолжат да живеат и да се пренесуваат на новите генерации, Град Скопје распиша јавен повик за субвенционирање на дефицитарните занаети. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски порача дека занаетите не се само извор на егзистенција, туку и важен дел од културниот идентитет и традицијата на градот.

Со оваа мерка даваме конкретна поддршка на луѓето кои со својот труд, знаење и посветеност ја чуваат автентичноста на Скопје.Да не дозволиме старите занаети да останат само спомен од минатото.  Да создадеме услови тие повторно да бидат ценети, препознатливи и привлечни за младите.“- вели градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Финансиска поддршка ќе можат да добијат занаетчии кои живеат на територијата на Град Скопје. Конкурсот трае до 30 ноември, а секој занаетчија ќе добие финансиска подршка во износ од 20 илјади денари.

Право на учество имаат: Занаетчии со живеалиште на подрачјето на град Скопје, од општините Аеродром, Гази Баба, Бутел, Чаир, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар и Шуто Оризари, кои ги исполнуваат условите утврдени во Јавниот повик и ја доставиле целокупната потребна документација;

Реклама

Занаетчии кои во тековната година не користеле финансиски средства од Град Скопјеи занаетчии регистрирани согласно Законот за занаетчиство и лица кои поседуваат занаетчиска дозвола и вршат занаетчиски дејности кои, според обработените податоци, бележат континуирано намалување на активноста.“- вели Ѓорѓиевски.

Според Орце Ѓорѓиевски, целта е да се даде конкретна поддршка токму на луѓето кои со својот труд и знаење ја чуваат традицијата со цел да ја пренесат и на помладите. Низ Македонија има само 1000 регистрирани занаетчии што според занетичиската комора е исклучително мала бројка.