Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Германски ФАЦ со насловна за Македонија: Корупција на владата во име на ЕУ

Во Македонија корупција во име на ЕУ – ова е насловот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Македонија корупција во име на ЕУ – ова е насловот на текст во престижниот германски весник Франкфуртер алгемајне цајтунг за состојбата во Македонија. Коруптивни зделки, скандали, лажни ветувања, сомнителни закони во полза на власта, ова се главните точки на разгледување во анализата на ФАЦ.

Луѓето во Македонија се навикнати на фактот дека корупцијата е постојано зло во нивната земја, пишува авторот на текстот споменувајќи го како пример скандалот на Клиниката за онкологија и сомневањата за вмешаноста на министри, на поранешниот премиер Зоран Заев, директори на клиники…

ФАЦ пишува дека за Македонија не е невообичаено тоа што медиумите, а не судството, ги собираа доказите за вакви скандали како случајот со Онкологија. Во текстот се наведува дека од најважната клиника за онкологија во земјава во Скопје очигледно систематски биле крадени скапи лекови за рак и биле продавани на црниот пазар.

Реклама

Досега, пишува ФАЦ, формално е осомничена само една медицинска сестра, но сомнежот е дека таа не може да биде единствениот виновник.

Сега земјата се прашува до каде нагоре стигнал синџирот на соучесници, макар и само преку информираност. Во времето кога се вели дека се случила гнасната измама, министерот за здравство бил близок политички доверлив човек на поранешниот премиер Зоран Заев, социјалдемократ кој во меѓувреме ја напушти политичката сцена и делува од позадина. Министерот за здравство поднесе оставка заедно Заев – пред јавно да се дознае за наводната измама, пишува ФАЦ.

Но не е само овој скандал опфатен во анализата на германскиот весник. Корупцијата која цвета насекаде низ државата, според ФАЦ не е искоренета, иако СДСМ ветуваа дека истата ќе ја искоренат.

Сепак, тешко дека ќе најдете луѓе во Македонија кои сметаат дека ова ветување е исполнето. Социјалдемократите, кои оттогаш се на власт, и нивниот коалициски партнер, кој е поддржан од албанското население во земјата, се преставуваат „проевропски“ и наводно ја потчинуваат својата политика целосно на целта за членство во ЕУ, стои во текстот.

Во насока за затскривање на корупцијата беа донесени и измени на кривичниот законик во Македонија, а со тоа се намалуваат казните, побрзо застаруваат делата, се брише членот 353 за злоупотреба на службената положба. За овие измени авторот на текстот вели дека иако шефот на државата можел да стави вето, сепак веднаш ги потпишал.

ЕУ се спротивстави да биде користена од Владата и претседателот во Северна Македонија како изговор за домашни политички махинации кои претставуваат чекор наназад во борбата против корупцијата. Портпаролката на Комисијата рече дека тие се „загрижени“ за влијанието на последните одлуки врз борбата против корупцијата, критикувајќи ги не само намалените казни, туку и скратениот рок на застареност, што влијае на многу тековни постапки, објавува ФАЦ.

Корупција од името на ЕУ, така може да се опише политиката на македонскиот премиер Димитар Ковачевски и неговиот тим“, констатира ФАЦ и пишува дека Актуелната влада го вее европското знаме, за да прикрива корупција.