Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Герасимовски: Ветувањето за бесплатен училишен оброк останува, мерката ќе се реализира фазно

На седница на Советот на Општина Центар изгласана е Предлогот-програмата за измени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На седница на Советот на Општина Центар изгласана е Предлогот-програмата за измени и дополнувања на Програмата за образование за 2026 година, со што започнува првата фаза на  реализацијата на мерката за бесплатен оброк за учениците во целодневна настава.

Од општината соопштија дека до 2028 година мерката ќе се спроведува со преодно решение, преку делумно субвенционирање од 1.000 денари за родителите, а потоа ќе распишат јавна набавка за еден оператор и ќе премине на целосно субвенционирање на храната за учениците.

-Ветувањето е цврсто и од него не отстапуваме. Поради правни причини, не можеме веднаш да ги раскинеме постојните договори со операторите без пенали, затоа решението е фазно, но со крајна цел бесплатна храна за учениците во целодневната  настава- порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Реклама

Тој додаде дека ова е најсигурен начин мерката да се реализира без правни ризици и дополнителни трошоци за општината.