Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Вљубеник во Путин и плагијатор – член на работната група за уставните измени?

Постојат ли сомнежи за кредибилитет на работната група која треба да ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Постојат ли сомнежи за кредибилитет на работната група која треба да ги крои уставните измени? Нови скандалозни информации за членовите кои ги избра Владата, секојдневно ги преплавуваат социјалните мрежи.

Па така, Јагода Митревска, универзитетска професорка, за која опоцизијата обвинува дека е симпатизер на рускиот лидер Путин, е дел од работната група. Но, не само тоа, за Митревска, весникот „ЕГО“ во 2010 година објави анализа со текст „академски професор препишал и потпишал цела книга“. Неделкот пишува дека Јагода Митевска, како тогашен раководител на Славјанскиот универзитет, плагирала односно присвоила прирачник и го потпишала како свој труд.

ВМРО-ДПМНЕ критикува дека сипатизер на Путин ќе ги пишува уставните амандмани во работната група. Од опозицијата велат дека меѓу таканаречените експерти, кои тие ги демаскирале,  биле пензионери, роднини на партиски функционери, ивоопшто – луѓе блиски до СДСМ и ДУИ.  

Реклама
  • Јагода Митревска е новиот член на работната група за уставни измени која ја формираше Ковачевски. Таа се пофали дека учествувала во изборните кампањи на Русија, а на фотографии се гледа како гордо се фотографира пред простории и знамиња на партијата на Путин, таква фотографија е објавена на социјалните мрежи и истата ја испраќаме во прилог на ова соопштение.

    Откако вистински експерти не прифатија да членуваат во работната група која ќе ги пишува амандманите, Ковачевски собрал луѓе кои ниту се експерти, ниту имаат искуство од областа, но затоа имаат сомнителни политички конекции“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во работната група , која треба да ги предложи уставните измени, се најдоа – поранешни уставни судии, и универзитетски професори, а со работа треба да почнат следната недела. Во работната група, претставник на опозицијата нема да има.