Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Врачени највисоките признанија на 65. Струшки вечери на поезијата

Со врачувањето на фестивалкото признание „Златен венец“ за 2026 година на холандската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со врачувањето на фестивалкото признание „Златен венец“ за 2026 година на холандската поетеса Анеке Брасинга и наградата „Браќа Миладиновци“ на македонската поетеса Николина Андова Шопова за збирката „Во куќата“, вечерва на Мостот на поезијата свечено завршија 65-тите Струшки вечери на поезијата.

Покрај лауреатите на овие високи фестивалски признанија на традиционалниот поетски митинг „Мостови“ стихови читаа и поети од сите меридијани.

Во рамките на фестивалската програма на Даниел Хајндс од Обединетото Кралство му беше врачена наградата „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата ја доделуваат за најдобар поет-дебитант за стихозбирката „Нови познати фрази“. Наградата „Стојан Христов“ за 2026 година, која ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и Агенцијата за иселеништво му беше доделена на Ибраим Џемаил – Скарабеус за книгата „Патешествие низ времиња“.

Реклама

Учесниците на фестивалот од Струга уште еднаш ја испратија пораката дека поезијата е универзален јазик без граници, кој ги обединува луѓето и народите од сите страни на светот.

Манифестацијата почна во средата со традиционалното садење дрвце во Паркот на поезијата во чест на добитничката на „Златен венец“ и палење на фестивалскиот оган во Домот на поезијата. 

Според фестивалската програма, во рамките на „Поезијата на пат“, утре „Поетско матине ќе се одржи во винарската визба „ Тиквеш“ во Кавадарци.