Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Вратете се 15 години назад за да видите кој е „Дарт Вејдер„ – „џедајот„ Ковачевски во филм за Кривичниот законик

Како и во фамозната, и светски познатата трилогија „Војна на Ѕвездите„ премиерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како и во фамозната, и светски познатата трилогија „Војна на Ѕвездите„ премиерот Ковачевски не сака да и открие на јавноста која е личноста зад маската на негативниот лик „Дарт Вејдер„ кој го уништувал македонско правосудство, па морал тој, веројатно во улога на „џедај„ да го менува кривичниот законик. Остава јавноста и истражувачките новинари да се врателе 15 години назад за да го откријат идентитетот.

Да се навратат петнаесетина години во нашиот правосуден систем, да видат како се менувани одредени закони, да видат како се монтирани одредени процеси и тогаш ќе може да видат кој е Дарт Вејдер на македонското правосудство. Потекнува од комунистичкото време“, рече премиерот Ковачевски.

Инаку, оние кои ја злоупотребувале службената положба, но и злосторнички се здружувале од денеска ќе одговараат пред законот ама со драстично помали казни. Стапија на сила новите измени од Кривичниот законик изгласани само од владеачката коалција и тоа по скратена постапка со налепено европско знаменце. Иако граѓаните вријат, сепак власта си тера по свое, законот го објави во службен весник и сега дел од него стапува на сила.  Намалувањето на казните на криминалците од највисоки редови доби критики од македонската јавност, но и од меѓународната. Владата декларативно се залага за членство на Македонија во ЕУ, но чекорите кои ги превземаат се чини како да не оддалечуваат од неа, особено ако се земе предвид фактот дека борбата со корпуција е едно од основните начела не европското семејство.  Евроамбасадорот Дејвид Гир, прашан токму за измените на КЗ рече дека овие измени носат ризик за намалување на неказнивоста.

Реклама

– Европската комисија потсети на важноста на владеењето на правото во самата земја што се однесува на самиот принцип на неказнивост, всушност кривичните дела поврзани со тоа треба да бидат адресирани на вистински начин – нагласи Гир.

Претходно и Европската комисија изрази загриженост и за како е донесен законот, и што содржи истиот.

И од американската амбасада го разгледуваат спорниот закон.

Правниот тим на американската амбасада ги разгледува, не сум ги видела лично, така што не можам да ги коментирам, а како што кажавме во соопштението на Стејт департментот, неопходно е да се следат процедурите на правниот систем на земјава, рече Агелер.

Измените првично поминаа на владина седница одржана на 29 август 2023 година, но јавноста не беше информирана за тоа ниту од владината прес-служба ниту од некого од нејзините членови. Во Собранието тие беа поднесени со европско знаменце. Таму експресно го поминаа филтерот во Комисијата за европски прашања, а потоа и на пленарна седница каде беа изгласани со 48 гласа „за“. 36 пратеници беа „против“, а еден имаше „воздржан“.