Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Вратена во функција фонтаната во Градскиот парк во Кочани

По спроведен целосен ремонт и отстранување на техничките дефекти, од денеска повторно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По спроведен целосен ремонт и отстранување на техничките дефекти, од денеска повторно е во функција фонтаната во Паркот на Револуцијата во Кочани.

Ова е последица, велат од локалната самоуправа, на максималните заложби на градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и на директорот на КЈП „Водовод“ Дејан Анакиев, после што фонтаната пак ја носи свежината во Градскиот парк во Кочани, според ритамот на музиката.

Градоначалникот Грозданов, информира дека по интензивни активности и координација со КЈП „Водовод“, успешно е завршена санацијата на најатрактивниот елемент на Градскиот парк.

Реклама

– Економскиот оператор изврши сервисирање на пумпите, електронските уреди и отстранување на останатите констатирани недостатоци, со што фонтаната повторно е ставена во целосна функција – истакнува градоначалникот.

Општината информира дека во меѓувреме продолжуваат активностите за повторно активирање и на фонтаната „Зрно“ во Трговскиот центар во Кочани. Според најавите, до крајот на седмицата се очекува и таа повторно да проработи, откако ќе пристигнат и се вградат нарачаните делови од Италија.