Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Во Штип државна матура не положиле 57 матуранти, од кои најмногу по англиски јазик

Педесет и седум матуранти од штипските средни училишта не положиле државна матура…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Педесет и седум матуранти од штипските средни училишта не положиле државна матура во првиот рок на полагање, од вкупниот број 53 не положиле англиски јазик, а четворица не го положиле испитот по македонски јазик. Снежана Санева, раководител на Сектор за образование и јавни дејности при општина Штип, вели дека повеќе од 400 матуранти положиле македонски јазик,  а 337 матуранти положиле англиски јазик. 

– Во овој јунски испитен рок, матура полагаа повеќе од 400 ученика, со тоа што по македонски јазик полагаа вкупно 411 ученици, од нив 407 положиле, тоа значи дека четири ученика не го положиле испитот по македонски јазик. По предметот англиски јазик, како втор задолжителен предмет, од некои од јазиците, полагале вкупно 390 ученика, меѓутоа положиле 337 ученика, а тоа значи дека 53 не го положиле испитот по англиски јазик. Математика имаме пријавено само 21 ученик и сите положиле. И германски јазик има пријавено двајца ученици кои го положиле испитот. Од ова можеме да констатираме дека сепак најголем интерес постои за јазик, додека природните науки, односно математиката е малку потешка за учениците и затоа бројот на ученици кои што пријавиле математика е помал – вели Санева.

Таа додава дека годинава за време на полагањето немало никакви неправилности. Санева додаде дека матурантите кои немаат положено некои од предметите од државната матура ќе може повторно да ги полагаат во август.