Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Во тек најобемниот мониторинг на водите во сливот на Вардар, ќе се анализираат 170 локации

Во тек е најсеопфатниот надзорен мониторинг на квалитетот и квантитетот на водите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во тек е најсеопфатниот надзорен мониторинг на квалитетот и квантитетот на водите во сливот на реката Вардар, најзначајниот воден ресурс во државата, кој опфаќа повеќе од 80 проценти од сите водни тела. Активностите ги спроведуваат стручни тимови на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), кои вршат теренски мерења, земање примероци од површински и подземни води и лабораториски анализи на вкупно 170 локации.

Мониторингот се реализира според нова национална мониторинг програма, која ги дефинира мерните места, параметрите и методологијата за следење на квалитетот и количеството на води. Програмата е изработена од страна на Швајцарската Програма за управување, користење и заштита на води, УХМР и меѓународни експерти. Таа претставува дел од поширока Стратегија за мониторинг на води, изработена со поддршка на програмата, чија цел е јакнење на институционалните и техничките капацитети на УХМР за долгорочно спроведување и надзор на водите во државата. Станува збор за клучен чекор кон воспоставување модерен систем за управување со водните ресурси, заснован на научни податоци и во согласност со Законот за води и Рамковната директива за води на Европската Унија.

Директорот на УХМР, Игор Лазаровски, истакна дека квалитетниот и сеопфатен мониторинг е предуслов за ефикасно и одржливо управување со водните ресурси, чија вредност е непроценлива за луѓето, за земјоделството, за економијата и за целокупниот екосистем.

Реклама

-Резултатите од овој мониторинг ќе покажат каква е состјбата на нашите води, кои се главните предизвици со кои се соочуваме и какви мерки се потребни за нивна заштита- вели Игор Лазаровски, директор на УХМР.

Надзорниот мониторинг, кој се очекува целосно да заврши до крајот на годината, ќе се спроведе на вкупно 80 локации од кои ќе се земат примероци од површински води, како и со контрола на податоците на 90 мониторинг станици за подземни води во сливот на реката Вардар. Со цел попрецизно и поефикасно спроведување на овие активности, Програмата за води ѝ донираше на УХМР 14 пиезометри, мерни инструменти кои се клучни за мониторинг на подземни води.

Дополнително, капацитетите на УХМР за мониторинг и заштита на водните ресурси во државата, се унапредија со донација на модерна лабораториска опрема и две возила, во вкупна вредност од околу 250.000 швајцарски франци.

-Една од главните цели на Програмата за води е да ги унапреди капацитетите на клучните институции во државата кои се грижат за заштита на водните ресурси, но и да придонесе за одржливо управување со водите, согласно стандардите на Европската Унија. Имајќи ја предвид важноста на мониторингот на водите во сливот на Вардар, го поддржуваме овој процес со подобрување на техничките и стручните капацитети на УХМР и со изработка на клучните стратешки документи за управување со водите- вели Јан Квиатковски, тим лидер на Програмата за води.

Собраните информации ќе овозможат прецизна анализа на состојбата на водните ресурси, идентификување на проблематичните подрачја, како што се загадувањето или недостигот на вода, и подготовка на конкретни мерки за нивна заштита и одржливо користење. Во исто време, резултатите од мониторингот ќе бидат една од основите при изработката на првиот План за управување со сливот на реката Вардар, стратешки документ што ќе ги дефинира идните политики и мерки за управување со водите, согласно барањата на Рамковна директива за води на ЕУ.

Спроведувањето на надзорниот мониторинг на водите во сливот на Вардар е овозможено со национално кофинансирање во износ од околу 440.000 швајцарски франци, обезбедено од Владата, преку Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Останатиот дел од средствата е обезбеден од Швајцарија преку Програмата за управување, користење и заштита на води.