Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Во недела избори во Бугарија, што ќе донесат за Македонија?

Дали на повидок се нови уцени, препреки, условувања од нашиот источен сосед?…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали на повидок се нови уцени, препреки, условувања од нашиот источен сосед? Бугарија пред праг на нови избори, што тоа значи за Македонија? Дали новата влада ќе ги намали притисоците или пак тврдите доглогодишни ставови на официјална Софија само повеќе ќе се позиционираат? Министерот за надворешни работи Османи, очекува подобар дијалог и соработка со новата Влада на Бугарија.

Тоа што до сега немаше политичка влада во Бугарија беше отежнувачки фактор за нас, немаше политички партнер со кој можеме да се договориме, а во услови кога нема политичка влада тогаш конзервативни и радикални елементи во општеството го диктирираат наративот. Тоа ни се случи на нас за жал, се надевам дека после изборите во недела во Бугарија ќе се формира политичка Влада и конечно ќе можеме да продолжиме со дијалогот и соработката”, изјави Османи.

Додека Османи очекува подобрување на односите, соседите дел од изборната кампања ја тераат токму за односите со Македонија. Претседателот на ГЕРБ, Борисов кој е еден од фаворитите за мандатар на новата влада во Бугарија, порача дека Софија си ја завршила својата задача кон Македонија и сега било грижа на Европската унија да ја натера земјата, како што рече, да се однесува европски.

Реклама

„Да ги затвораат бугарските клубови, да ги тепаат Бугарите затоа што имаат бугарска самосвест – тоа не е европско и не е цивилизирано. Моето барање е овој процес да се набљудува. Не можеме да бидеме добри повеќе од еднаш. Сега е нивни ред да докажат дека се добри“. рече Бојко Борисов – ГЕРБ

Ривал на Борисов е Петков, кој кога беше на чело на бугарската влада, Македонија се соочи со притисоци за францускиот предлог.

Какво подобрување на дијалогот Османи очекува од Софија, ако се знаат ставуваите на фаворитите останува да видиме по изборите во Бугарија кои треба да се одржат задутре.

Мери Симоновска