Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 стана

Во мај годинава издадени се 340  одобренија за градење, што е за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во мај годинава издадени се 340  одобренија за градење, што е за 27,5 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година – објави денеска Државниот завод за статистика.

Најмногу одобренија за градење, 229, се издадени за високоградба. Во Источниот Регион издадени се најмногу одобренија за градење, 76, по што следуваат Скопскиот – 65, Полошкиот – 62, Југоисточниот – 51, Југозападниот – 36, Пелагонискиот – 24, Вардарсиот – 20, Североисточниот – 56.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6.669.367.000 денари, што е за 15,2 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Реклама

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 229 (67,3 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 22 (6,5 проценти) од нискоградба и 89 (26,2 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 340 објекти, на 214 (62,9 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 126 (37,1 проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти. 

Во извештајниот период предвидена е изградба на 840 стана со вкупна корисна површина од 71.561 квадратен метар. Во Источниот Регион ќе се градат 249 стана, Југозападниот – 189, Скопскиот – 166, Југоисточниот – 106, Полошкиот – 91, по 19 во Пелагонискиот и во Вардарскиот и еден во Североисточниот.