Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Во Дебар по првпат одржано полагање испит за карате мајстор (Шодан – црн појас)

Во рамки на манифестацијата „Дебарско лето 2026“, што ја организира Општината, во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на манифестацијата „Дебарско лето 2026“, што ја организира Општината, во соработка со карате клубот „Дибра“ за првпат во градот беше спроведено полагање испит за карате мајстор (Шодан – црн појас), што претставува значаен успех за дебарскиот спорт.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Дебар, Фисник Меља, кој им честиташе на организаторите за успешно спроведеното полагање и секако успехот на петте млади карате мајстори: Гента Сеља, Сара Дука, Ера Коџа, Влера Сеља и Шејдија Незири.

-Искрени честитки за овој успех, кој слободно можам да кажам дека е последователен во низата успеси. Како локална власт ќе продолжиме да го поддржуваме спортот, овозможувајќи активно учество на спортистите на разни натпревари каде што учествуваат, рече Меља.

Реклама

Овој успех е постигнат благодаение и на залагањето на тренерот Дурим Пачуку, под чие водство младите каратисти, како дел од македонската карате репрезентација,  учествуваат на многу меѓународни натпревари и постигнуваат голем успех.

-Задовството е големо од овој но и сите досегашни успеси на членовите на клубот. Во Дебар, интересот за карате спортот  е многу голем. Членовите на овој клуб често се дел од државната репрезентација. Клубот има голема публика и каратето денеска е најуспешниот спорт во градот, и по резултати и по број на спортисти, рече Пачуку, кој е тернер и на државната карате репрезентација.

Испитот се одржа пред стручна комисија предводена од Проф. д-р Алим Хајредини и Лирим Дедеј, кои упатија честитки за овој значаен успех и посакаа многу среќа во понатамошните спортски достигнувања. 

Во градот функционираат повеќе спортски клубови. Фудбалот доминираше со години, но во последната деценија каратето стана еден од најпопуларните спортови меѓу младите, постигнувајќи голем успех на локално, државно и меѓународно ниво. Покрај овој постои и карате клубот „Уранику“.